Го делам истото мислење со Nikola bb.
Сакав да земам количе за жена ми па минатата недела се изнавозев секакви шпорети и конзерви.
Заклучок: Ако имаш некој да ти донесе количе од страна добро тогаш во ред, може, евентуално да ти е препродавачот ептен близок или твој човек.
Во спротивно ќе го јадеш 90% ако земеш увезена.
Ти имаш друг проблем. Седнуваш од ново и големо ауто да пробуваш старо и мало, и тоа за да го купиш, тешко дека ќе имаш добри импресии.
Па би требало да е така ама не е.
Сум возел секакви коли, и возам сеуште.
Моментално, на кумашинот Астрата има поминато 380 илјади, крш невиден, чкрипи, тропа, чука и е оставена овде кај мене Велес а ја возам скоро секој втор ден па немам изгбуно осет за старо.
Едноставно моторите им се срање, не одат, не влечат. Внатрешноста им е на повеќето ептен зачувана.
од каде таков заклучок донесов?
Не може на на кај езеро кај нас нагоре, 80 конја 1.4 мотор втора да бара а ми се колне дека иамла 110.000 илјади поминато.
Со Астрата на кумашинот го качувам тоа горниште со 4/та а има поминато 360 К.