Автор Тема: Вадење на задни странични стакла на кола со 3 врати  (Прочитано 1413 пати)

Отсутен аллександар

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 98
Здраво дечки. Нов сум на форумов до сега немам слушнато за овој форум и сосема случајно ве открив ама изгледа сум закаснил. :)

Прво мора да ве пофалам - имате совети трикови и многу други корисни информации општо за автомобилизмот. Пребарував повеќе на форумов и се трудев да најдам една тема каде што има прашање за Х работи но не најдов па затоа се решив да отворам тема и да поставам некое прашање.


Вака - имам Lancia Ypsilon постар модел од 96та. Колата е со 3 врати што значи дека задните прозорци не се спуштаат надолу туку нанадвор се отвараат ( како испакнати се ) - исто како на пунто и други коли со 3 врати. Е сега - прашањето ми е дали некој од вас има искуство со вадење / промена на такво стакло затоа што имам потреба да го извадам едното стакло. Мислам дека не би требало да е сложено но сепак да си прашам пред време да не биде касно за тоа.


Фала ви однапред и извинете што отварам цела тема - се надевам дека и на некој друг ке му користи темава.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Вадење на задни странични стакла на кола со 3 врати
« Одговори #1 на: 09 Февруари 2014, 10:59:09 am »
здраво и добродојде на форумов. се надевам ке имаш добра дружба...

за прозорот.

чим има опција да се отвора на надвор (некои немаат) тоа значи дека има подвижен дел т.е. “шарки“ кои се некако фиксирани на стаклото. нај често (99%) тоа се штрафови низ стаклото. внимателно загледај ги деловите со кои е прицврстено стаклото од страната на столбот. мора да има некое капаче нај често од внатрешна страна на стаклото кое ке се тргне и ке се појави штрафот. истото важи и за онаа рачка што служи да го собере или отвори стаклото од нај задната страна. и таму има 2 или 3 помали штрафови под самото капаче. значи прво ке го отвориш стаклото со рачката, после ке го тргнеш капачето и ке ги отштрафиш штрафовите кои го држат механизмот на рачката, потоа ке се префрлиш на ослободување на шарките од стаклото. не би било лошо за ова да имаш некој кој ке ти го приджи стаклото од надвор, и за да не ти мрда додека отштрафуваш и за да не ти падне на земја и да го скршиш...

поздрав...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен аллександар

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 98
Одг: Вадење на задни странични стакла на кола со 3 врати
« Одговори #2 на: 09 Февруари 2014, 16:04:12 pm »
Фала ти на одговорот онак - прееска разгледував кај шарката има пластики а под нив најверојатно штраф а напред односно од делот кај што е предната врата има 2/3 штрафа и покриени се со украсна лајсна. се надевам дека само тие треба да ги извадам и ке искочи стаклото - ај за вадење ке го извадам некако само се плашам да не заебам нешто за ставање назад... кога ке биде поубаво времево ке пишам што сум направил

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Вадење на задни странични стакла на кола со 3 врати
« Одговори #3 на: 09 Февруари 2014, 16:44:53 pm »
можеш и некоја слика да ставиш од шарките и од механизмот за пуштање па дополнително ако има нешто ке ти биде посочено од било кого од форуов...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен аллександар

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 98
Одг: Вадење на задни странични стакла на кола со 3 врати
« Одговори #4 на: 09 Февруари 2014, 17:35:40 pm »
исто е како на пунтото - ланчијава овој модел е уствари нешто по луксузна варијанта на пунто кец мислам дека