Да го преставам Голф 5 '05, го земавме пред недела дена, увезен од германија со РЕАЛНИ 177к километри проверени во Порше по шасија, со комплетна идентична сервисна книшка. Моторот е 1.6 ФСИ, Опремата што ја поседува е СпортЛајн така да не набројувам се што поседува =) Интериерот делува многу сочувано, Воланот ми боде очи, што е на места кожата изљуштена па препорака некоја за некој добар фарбач или пак претапацирување.. Тука му сменив филтри, масло, дискови, плочки. Ме советуваа од Порше дека препорачливо е да го тераме на 100ка бензин. Од потрошња на бензин за недела дена низ град на борд покажува 8.4 со повремено стискање на моторчето да се осети. За на отворено ке го тестирам понатаму ама во главном задоволен од количето. Во прилог неколку слики на немиено, набрзинка, здравје понатаму и попрофи. Ме интересираше гледам на краевите од бандажите се изгребани здраво изгледа од троторари и слично, дали се санира тоа?