Здраво на сите,
Имам VW Passat B8 со DSG менувач и сакам да дознаам кој е точниот интервал за менување на маслото во менувачот. Сум слушнал различни информации некои велат на секои 60.000 км, а други спомнуваат подолги интервали во зависност од типо на DSG.
Ако некој има искуство или знаење за Passat B8 (особено со 6-брзински DSG), би ми значело ако споделите кој е препорачаниот интервал.
Фала однапред!