Твиги си има дигитален брзиномер и тој си свети вака кога се исклучени светлата:
е кога ќе се вклучат светлата, оти мисли дека е ноќ го намалува осветлувањето на брзиномерот, па тоа изгледа вака на сенка:
а кога бие сонце во него не се гледа буквално ништо ни кога е застаната колата не пак во возење.
Читав и најдов дека другите овој проблем си го решиле со промена на сијаличките кои позадински го осветлуваат брзиномерот. Имено ги менуваат со лед сијалички кои се отпорни на намалувањето на напонот при вклучување на светлата на колата.
Си ги најдов сијаличките и си ги нарачав од тука:
https://www.aliexpress.com/item/10pcs-Bright-White-B8-5D-B8-5-T5-LED-509T-Car-Led-Gauge-1SMD-5050-Led/32357417193.html?spm=2114.13010608.0.0.vIBMcSПо две недели си стигнаа сијаличките на домашна адреса и во неделата си фатив да ги менувам. Постапката одеше вака:
Ова е брзиномерот и неговата маска која се вади со отштрафување на три штрафа (двата се гледаат лево и десно, а средниот доаѓа точно на средина па не се гледа од тоа мирисчето):
Откако ја извадив маската си реков чек да сликнам како изгледа брзиномерот без вклучени светла:
и со вклучени светла:
Може да се види дека и самиот брзиномер се држи на три штрафа:
кои мора да ги отштрафите за да дојдете до трите сијалички (кај поновите модели се четири) кои се наоѓаат на задната страна:
Еве како изгледаат сијаличките, лево е новата лед, десно старата:
Во мојот случај требаше малку повнимателно да се внесат ледот затоа што кнап доаѓаат со отворот оти се пошироки од обичните, но затоа дојдоа 10 во пакетот па можеше 1-2 да отидат јабана
По ставањето на сијаличките осветлувањето на брзиномерот со исклучени светла изгледаше вака?
а со вклучени вака:
Исто де
По враќањето на маската брзиномерот со исклучени светла изгледаше вака:
а со вклучени светла вака:
Исто де
Јас сум задоволен како испадна, сега нормално си ја гледам брзината без никаков напор. Наместо овие со бела светлина можеби требаше да земам лед со жолта светлина, можеби е попријатна за очи, ама оти првпат не ми се ризикуваше, па одев на сигурно. Сега кога знам како е и дека целата постапка траеше петнаесеттина минути можам да си нарачам и жолти од чичко Али