За жал за оваа варијанта на TFSI моторот на Волксваген сеуште нема опција за вградување на плински уред. Во моментов на листата на Ландирензо достапни се уреди за CJZ моторите со код CJZA - 86кс, CJZB - 105кс, CJZC - 90кс. Утрово ја побарав од Ландирензо најновата листа на Direct Injection LPG уреди, но и во неа сеуште не е вклучен кодот CJZD.
Инаку, друг трошок по вградување на плински уред е постапката за атест, која чини помеѓу 3,300 и 4,000 денари.. Одржувањето на Direct Injection LPG уредите предвидува замена на филтер за гасна фаза (1200 ден) на секои 15,000 км, и филтер за течна фаза (400 ден) на секои 30,000 км