Автор Тема: Губење на масло  (Прочитано 3133 пати)

Отсутен karajann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 375
Губење на масло
« на: 21 Јануари 2014, 02:49:31 am »
На Renault Modus 1.2 16v  со поминати 200 000 км ми губи масло. Летно време на интервал од 15000км до промена на маслото ми оди од максимум до минимум на шипката за проверка на улјето. А зимно време губитокот е помал.
Чудното е дека нема масло во антифризот, во филтерот за воздух, ниту па пена во маслото.
Разгозарав со сервисерите од рено сервисот, они ми викаат дека требало да се сменат гумиците на вентилите.
Па прашањето би ми било, дали мислите дека е до тоа, и колко е ризично да се заебе моторот ако се нафатам да ја отвараат главата?
И на крај дали е реална цена гумици, дихтунг и работна рака 250-300 еур?

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Губење на масло
« Одговори #1 на: 21 Јануари 2014, 02:51:55 am »
види тоа е околу литро на 15.000км,што не е воопшто многу
имаш уште доста возење дур да отвараш глава,терај вака менувај уље почесто и турај поквалитетно

Отсутен karajann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 375
Одг: Губење на масло
« Одговори #2 на: 21 Јануари 2014, 03:04:41 am »
Проблемот е што првите 150 000 км колко ке ставев уље толко вадев при промената.
А овој проблем се појави од кога прифатив да ми стават масло од некоја програма на рено 4+ motrio.
Иначе ставам 5 40 елф синтетичко уље не знам какво поквалитетно да ставам.
Ме интересира каде се губи уљето?
И зошто летно време повеќе го троши?
« Последно менување: 21 Јануари 2014, 03:17:07 am karajann »

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Губење на масло
« Одговори #3 на: 21 Јануари 2014, 10:29:50 am »
летно време побрзо колата крева работна температура, па со самото тоа побрзо и станува потечно маслото.

гумици на вентили веројатно да. но многу можно е и кариките више да се припотрошени. меѓутоа тоа не е алармантно. 1 литро на 15.000 км е многу добро. не се замарај, продолжи исто масло да тураш и почни да мењаш наместо на 15 на 10Ккм. и со 200.000 пројдени, врме ти е да прејдеш на 10-40 масло, исто така на елф. 200Ккм пројдени за рено е околу пола работен век од она што може рено да го изживее-извози... сепак не е тоа правило, бидејки многу зависи како ке се извозат тие километри, т.е. колку е агресивно возењето, но одприлика тука е.

ти повторувам, не се замарај, премини на 10-40 масло и скрати го времето на мењавање, бидејки 10-40 е поевтино од 5-40 ке ти дојде анте за танте. на секое второ мењавање, мењај и филтер за масло.. или на секое ако сакаш твој избор.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8107
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Губење на масло
« Одговори #4 на: 21 Јануари 2014, 11:13:45 am »
Може сум грешка но како да имам чуено дека Елф е сегашен Тотал???
Ако е точно, кога јас ставив Тотал, до 6000км беше се ок, по 6000км почна нагло да го троши. За ова ме предупредија неколку луѓе со различен бренд возила...

Велиш потрошувачката почнала со промената на брендот - типот на маслото?
Исто може да е причина за потрошувачка на масло.

Сега не разбрав дали пак си се вратил на истото масло кое претходно си го ставал кога не ти трошела машината???
Да не занемариме дека 1 литро на 15,000км е ок потрошувачка на масло за еден бензинец.

Исто имам слушано совети дека по 200,000 треба да се премине на 10 / 40...

Со замена на гумиците сме сопреле потрошувачка на масло, кај Лада.

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Губење на масло
« Одговори #5 на: 21 Јануари 2014, 11:39:31 am »
Контролирај редовно. Кај мене течеше масло од дихтунг на поклопец на вентили го сменивме и не тече. 90 посто од случаите се или гумици на вентили или ситници.
Исто така и маслото може да е веќе за промена. (Колку масла се оргининал не знам).

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14241
  • Пудингот на шоферството
Одг: Губење на масло
« Одговори #6 на: 21 Јануари 2014, 12:17:54 pm »
Ако колата не исфрла никаков чад тогаш моторот е ок.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен karajann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 375
Одг: Губење на масло
« Одговори #7 на: 21 Јануари 2014, 13:05:44 pm »
Филтерот за уље се мени редовно со секоја промена на уље.
Потрошувачката почна по промената од Елф масло, со Motrio кое рено го препорачува за возила постари од 4 години како алтернатива на ЕЛФ. Ставив еднаш и забележав деко го троши уљето па пак се вратив на ЕЛФ, но потрошувачката си продолжи.
Не знам дали е до Motrio или само за случајно преклопување на околностите, ама знам дека друга моја кола нема да види алтернатива за одржавање за возила над 4 год. кои овластените сервиси ги нудат.
Колата не исфрла никаков чад, само не ми е јасно кај оди уљето.
Не верувам да е некој дихтунг, затоа што нема вода во улјето и обратно, ниту пак има потечено некаде.
По се изгледа ќе го намалам интервалот на промена на 10 000 км и ке ставам 10 40 уље да видам како ке се понаша.
Ме интересира дали да ставам од адитивите за пред промена на уље, и дали имаат некој ефект од нив(демек го прочистувале моторот)?

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Губење на масло
« Одговори #8 на: 21 Јануари 2014, 14:12:08 pm »
Филтерот за уље се мени редовно со секоја промена на уље.
Потрошувачката почна по промената од Елф масло, со Motrio кое рено го препорачува за возила постари од 4 години како алтернатива на ЕЛФ. Ставив еднаш и забележав деко го троши уљето па пак се вратив на ЕЛФ, но потрошувачката си продолжи.
Не знам дали е до Motrio или само за случајно преклопување на околностите, ама знам дека друга моја кола нема да види алтернатива за одржавање за возила над 4 год. кои овластените сервиси ги нудат.
Колата не исфрла никаков чад, само не ми е јасно кај оди уљето.
Не верувам да е некој дихтунг, затоа што нема вода во улјето и обратно, ниту пак има потечено некаде.
По се изгледа ќе го намалам интервалот на промена на 10 000 км и ке ставам 10 40 уље да видам како ке се понаша.
Ме интересира дали да ставам од адитивите за пред промена на уље, и дали имаат некој ефект од нив(демек го прочистувале моторот)?

не мора да чади ако го согорува уљето.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Губење на масло
« Одговори #9 на: 21 Јануари 2014, 14:35:31 pm »
не мора да чади

троши 1 литро на 15.000км

тоа е колку 0.01грам на километар ?

сигурно нема да чади,ќе чади ако троши едно литро на 1000км

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6796
  • French diamond
Одг: Губење на масло
« Одговори #10 на: 21 Јануари 2014, 14:57:02 pm »
Незнам зошто се замараш, стварно мала потрошувачка имаш... побарај низ форумот да видиш какви потрошувачки имаат некои коли, од фабрика, а не со 200 + ккм. Само премини на 10-40 и види тогаш како ќе троши.

Отсутен Stefan995

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 106
Одг: Губење на масло
« Одговори #11 на: 21 Јануари 2014, 15:02:24 pm »
Дали на сите коли кога ќе преминат 200 ккм треба да се премине на 10-40?

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Губење на масло
« Одговори #12 на: 21 Јануари 2014, 15:17:57 pm »
Не мора да значи. Има коли кои користат 0W-40 и до 300000км.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7794
  • Плинаш!!!
Одг: Re: Губење на масло
« Одговори #13 на: 21 Јануари 2014, 15:25:04 pm »
Препорачано е после 150 000 да се помине на малку погусто уље од предходното.

Отсутен karajann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 375
Одг: Губење на масло
« Одговори #14 на: 21 Јануари 2014, 17:33:10 pm »
Не се замарам, ме интересираше до што може да е и дали е нормално ова.
Ќе проверам какво погусто масло носи во упатсвото за колата и ке менам на 10 000 км.
Ви благодарам на одговорите