Автор Тема: Alfa Romeo GTV JTD  (Прочитано 167404 пати)

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7049
Одг: Alfa Romeo GTV JTD
« Одговори #180 на: 23 Јуни 2014, 19:50:04 pm »
Додека ви е тука се извадено, однесето го на клучар сигурно подобра цена ќе добиете за да ви го каже  кодот. Инаку е 3000 денари. Нов трансподер чип е 1500 ден да ви кодираат ако го имате клучот.

Отсутен Alfista

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1492
Одг: Alfa Romeo GTV JTD
« Одговори #181 на: 24 Јуни 2014, 08:14:34 am »
Imobilajzerot izvaden, denes kje se napravi nov cip za klucot...

Отсутен Alfista

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1492
Одг: Alfa Romeo GTV JTD
« Одговори #182 на: 25 Јуни 2014, 08:45:53 am »
Еве некои слики од пасувањето на Интеркулерот, изгледа дека е многу ниско, но точно влегува во браник,



Тука е среден системот за ладење на течноста за серво уредот, и тоа во браник влегува,


Ладилникот конечно упасуван, и стегнат на соодветно место, (Ова даскава изиграва амотизер за хауба, додека не се купат 2 ком.)


Стигнаа локовите за предна хауба со клуч


Во меѓувреме залемивме жици на задниот греач на шофершајбната, пошто беше се откачено, па преку конекторите
ставен МС полимер транспарентен (нешто како силикон) отпорен до 110 степени, да ги осигура конекторите.

Отсутен Alfista

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1492
Одг: Alfa Romeo GTV JTD
« Одговори #183 на: 26 Јуни 2014, 11:17:45 am »
Благодарност до нашиот пријател на форумот, сервис Жарко, кој ми даде капаче за затварање на резервоарот


Како и ЦП сензор на проба, и жмигавец за у браник.
 ;) ;) ;)

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7049
Одг: Alfa Romeo GTV JTD
« Одговори #184 на: 26 Јуни 2014, 11:46:54 am »
Жарко не само што е добар мајстор туку и добар човек ...

Отсутен Alfista

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1492
Одг: Alfa Romeo GTV JTD
« Одговори #185 на: 30 Јуни 2014, 09:33:31 am »
Така раскостена, несклопена, ставени само седишта без шалт табла и преден браник ;D ;D
ја завртевме два -три круга низ маало, нормално комшиите помислија дека Mad max конечно
стигнал во Македонија, утврдивме дека треба промена на долната пумпа за кумплунг, како и нешто
дека треба да се направи со филтерот за воздух, кој што е сега печурка(филтер).
Инаку аутото оди не е многу бучно, без ставена шалт табла, убаво работи сервото и кочниците.
Денес - утре слики, од монтажа на шалт табла, теписони и седишта.

Отсутен Alfista

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1492
Одг: Alfa Romeo GTV JTD
« Одговори #186 на: 30 Јуни 2014, 20:20:28 pm »
Еве неколку слики чисто да се види дека се работи нешто на тема склапање,
Намонтирани задни седишта, и полица под задња шофершајбна, (пак се одлеми грејачот за стакло)

Нормално тука се расфрлани елементи од шалттаблата, и монтирани предни седишта

Ракети намонтирани треба да се стегнат само, - ваљда утре,
Шалттаблата влезе некако со повлечи- потегни, подигни, утре финеси

Тука се гледа дека и шалтерот што е сменет упаднал точно на место....

И така,

Отсутен TRPEE

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1542
Одг: Alfa Romeo GTV JTD
« Одговори #187 на: 01 Јули 2014, 00:23:58 am »
Se blizi krajot..... Uste atest

Отсутен Alfista

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1492
Одг: Alfa Romeo GTV JTD
« Одговори #188 на: 02 Јули 2014, 11:41:21 am »
Se blizi krajot..... Uste atest
Да, да,  се ближи крајот..... ваљда во Август ќе оди на технички, пошто у меѓувреме идат годишни одмори.

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: Alfa Romeo GTV JTD
« Одговори #189 на: 02 Јули 2014, 11:44:40 am »
Син ти ќе напуни 20 дур да биде готова. :D

Се шалам,ама се изнамачи бе човек со проектов.
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен Alfista

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1492
Одг: Alfa Romeo GTV JTD
« Одговори #190 на: 02 Јули 2014, 13:56:39 pm »
Син ти ќе напуни 20 дур да биде готова. :D

Се шалам,ама се изнамачи бе човек со проектов.
Ќути... kid's don't try this at home, иначе беше планирано до роденден да биде 10. Јули.
Ама ќе биде, пошто нема назад. :-X
Некој мора да има и како мене  ;D ;D ;D ;D

Отсутен godofspeed

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2836
Одг: Alfa Romeo GTV JTD
« Одговори #191 на: 03 Јули 2014, 00:38:54 am »
Едвам чекам да го видам на улица аутово.....браво

Отсутен Alfista

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1492
Одг: Alfa Romeo GTV JTD
« Одговори #192 на: 06 Јули 2014, 23:54:43 pm »
Сменет Сензорот за позиција на радилица, моторот пак гасне по 15 минути, следат консултации
со Жаре, Жути, Стерио, Синиша и Салка.
Секој да даде по некоја идеја. Во меѓувреме, ресетиран ECU, убацен последен софтвер, утре би требало
пак на тестер да се  стави, можда ќе си каже што го мачи еку-то, или нешто друго.
Само многу е топло, не се работи. :'(
Одиме понатака....

Отсутен TRPEE

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1542
Одг: Alfa Romeo GTV JTD
« Одговори #193 на: 07 Јули 2014, 01:14:30 am »
Da pojdes do kaj Koska siguren sum deka Ke do resi.... M.

Отсутен Alfista

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1492
Одг: Alfa Romeo GTV JTD
« Одговори #194 на: 08 Јули 2014, 09:30:44 am »
Конечно решен проблемот со гасењето на моторот, што го барав сигурно 2 месеци,
и како викаат: кога ќе си влезеш у некој филм, нели, никој не може да те извади од филмот.
Еве што се случило:

Во сета таа работа што се одвиваше при склапањето на инсталацијата, едноставно видов дека
штекерот на бензинската пумпа во резервоарот пасува, на новата инсталација, воедно и пловакот
покажува точно, го штекнавме, контакт - Има ли нафта? - Има, добро е има притисок, ќе запали вака!
И запали ама по некое време гасеше, мењавме сензори, незнам што и накрај се испостави дека самите
бензински пумпи се тотално различни на довод и поврат на гориво.
По препорака на Стерио, го заменив пловакот со одредени модификации, (пошто беше поширок).
ги преспоив цревата, и конечно моторот пали убаво и многу мирно работи, без да сецка или да угаси.
Целата глупост е во тоа што повратното црево кај дизелот треба да биде веднаш до доводното и при
поврат на гориво, да не прави меури од воздух, а кај бензинскиот мотор, овој систем бар кај GTV е различен.
Edit: Позитивно од сето ова е дека ги изчистив сите сензори, и сега убаво прима до 5000 обртаи.
 ::) ::) ::)