Има, има, доколку е претерано отидена во неповрат самата сонда. Ги имам прочитано workshop manuals за мојата кола од прва до последна страница, и постарите компјутери (IAW во мојата, и BOSCH во сите други верзии на 145/146) реагираат на дисконектиран сензор со тоа што даваат вредност која симболизира загреаност на моторот од 0-20 степени, зависно од сензорот.
Со оглед на тоа што сензорите може да се расипат на многу начини, пример Ламбда и оној за температура на разладна течност, отпорот што го даваат во моментот може да симболизира -99 степени на блокот со што бензин се вбризгува во цилиндрите во неброени количини. Или спротивно сценарио, отпорот симболизира +99 степени со што на прво палење се вбризгува минимално количество бензин и моторот сецка, се гуши.
Тоа се тестира со волт/амперметри и само така се глеа дали е исправна или неисправна сондата.