Автор Тема: Audi A4 B8 vs Audi A6 C6  (Прочитано 16546 пати)

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Audi A4 B8 vs Audi A6 C6
« Одговори #15 на: 07 Јануари 2014, 11:13:05 am »
@смичка кватро е и две различни димензии се колите, во право си
@Бугар не си здрав!

Најди друга кола сештојад и после пиши.

Отсутен stig

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 933
Одг: Audi A4 B8 vs Audi A6 C6
« Одговори #16 на: 07 Јануари 2014, 11:17:15 am »
@смичка кватро е и две различни димензии се колите, во право си
@Бугар не си здрав!

Најди друга кола сештојад и после пиши.

Аран за дрва сечење нека си купи се троши тој. Абе ни ги отече со таа Маздата врска нема тоа што го збораш.

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Audi A4 B8 vs Audi A6 C6
« Одговори #17 на: 07 Јануари 2014, 11:25:51 am »
@смичка кватро е и две различни димензии се колите, во право си
@Бугар не си здрав!

Најди друга кола сештојад и после пиши.

Аран за дрва сечење нека си купи се троши тој. Абе ни ги отече со таа Маздата врска нема тоа што го збораш.

Проверено во пракса. Нема друга кола освен таа и Рено меган 1.5 дци

Отсутен stig

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 933
Одг: Audi A4 B8 vs Audi A6 C6
« Одговори #18 на: 07 Јануари 2014, 11:28:52 am »
Не трескај глупости бе, каква логика има тоа што го зборуваш  кога скоро за сите комонреил дизели пумпите за висок притисок ги изработува БОШ а таа на реното е лукас што значи уште помалку е издржлива.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8218
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Audi A4 B8 vs Audi A6 C6
« Одговори #19 на: 07 Јануари 2014, 11:35:13 am »
Сум се возел во конкретно спомнатото А4, јас не би го купил никогаш - мое мислење.

Сепак, огромна почит до луѓето кои умеат да направат компромис и да одберат поекономично и возило поевтино за одржавање!!!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Audi A4 B8 vs Audi A6 C6
« Одговори #20 на: 07 Јануари 2014, 11:36:28 am »
Еве чисто за да се насмееме, зошто не би го купил? :)

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Audi A4 B8 vs Audi A6 C6
« Одговори #21 на: 07 Јануари 2014, 11:49:03 am »
Зошто не е Талијанско. :)))

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3959
Одг: Audi A4 B8 vs Audi A6 C6
« Одговори #22 на: 07 Јануари 2014, 12:05:39 pm »
Јас би го замолил Бугар повеќе да не пишува на темава и да не ја уништува, сепак е озбилна тема и глупости може да се тресат на друго место. Спенсер како и секој друг на светов што го познавам со дизел понов од 2000год планира да ја вози колата на нафта и САМО на нафта така да не го интересираат веројатно идеите што би издржувало зејтин, исто како мене што не ме интересира какви алишта на Јупитер се носат, зошто не планирам да одам на Јупитер. Не е потребен одговор на оваа порака.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Audi A4 B8 vs Audi A6 C6
« Одговори #23 на: 07 Јануари 2014, 12:06:44 pm »
Зошто не е Талијанско. :)))
И двете не се таљански.

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Audi A4 B8 vs Audi A6 C6
« Одговори #24 на: 07 Јануари 2014, 12:11:26 pm »
Јас би го замолил Бугар повеќе да не пишува на темава и да не ја уништува, сепак е озбилна тема и глупости може да се тресат на друго место. Спенсер како и секој друг на светов што го познавам со дизел понов од 2000год планира да ја вози колата на нафта и САМО на нафта така да не го интересираат веројатно идеите што би издржувало зејтин, исто како мене што не ме интересира какви алишта на Јупитер се носат, зошто не планирам да одам на Јупитер. Не е потребен одговор на оваа порака.

Ако ти не штедиш не мора да значи дека другите треба да се лишуваат. 99 посто од луѓето што ги знам и возат дизељ на алхемија.
Ако тебе ти е криво што твојот дизељ не оди на алхемија и секакво гориво не мора да се нервираш.
Јас сепак сум и ќе препорачам Ауди а6 3.0 ТДИ КВАТРО со типтроник.
Таква кола е класи над Ауди А4 а идењето не се споредува.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3959
Одг: Audi A4 B8 vs Audi A6 C6
« Одговори #25 на: 07 Јануари 2014, 12:18:28 pm »
А6 секако дека е класа над А4, како што кажува и името на колата. Но Спенсер како и секој друг малку нормален човек не планира кола што ја платил 20.000еу да ја вози на Зејтин, незнам што не ти е јасно. Ја тупиш со истава глупава работа во сите теми. И 2.0 ТДИ и 3.0 ТДИ и 1.2тди и 10.0 ТДИ или било каква варијација на дизел да е како што кажува и името наменета да се вози на Дизел. Незнам јас ти со кој се дружиш што возат ЦР дизели на зејтин и би ти препорачал да го смениш друштвото ама еве од сите тука на темава сигурен сум дека ниеден не вози на Зејтин и не го интересираат одговори поврзани со тоа. Одкога се врати гледам да те игнорирам во сите теми каде што пишуваш слични глупости и да ти давам одговори каде што можам, ама ја претера веќе со тој муабетот за Мазда и за глупавиот Зејтин. Знаеме најквалитетни се Мазда 2.2, потоа иде ВМ 2.0 дизелот а над сите нив е Голф 2 1.6д. Не планирам да ти враќам веќе што и да пишеш така да не се мачи со одговарање.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Audi A4 B8 vs Audi A6 C6
« Одговори #26 на: 07 Јануари 2014, 12:21:01 pm »
Значи луѓето гледаат да поминат поефтино во возењето и да заштедат некоја пара. Дадов само илустрација де.
Инаку познавам милионери кои возат на непознати алхемии и плачат кога даваат пари.
Расипниците да се казнат.
Инаку штета што немам пари да си купам А6 ТДИ 3.0

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Audi A4 B8 vs Audi A6 C6
« Одговори #27 на: 07 Јануари 2014, 12:24:43 pm »
Кој гледа поевтино да си помине, ќе си купи гољф дизел (1,2,3) и ќе си помине.
Сигурно некој не зима ауди над 2008 за да си помине евтино.  

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Audi A4 B8 vs Audi A6 C6
« Одговори #28 на: 07 Јануари 2014, 12:27:41 pm »
Кој гледа поевтино да си помине, ќе си купи гољф дизел (1,2,3) и ќе си помине.
Сигурно некој не зима ауди над 2008 за да си помине евтино.  

90 посто се такви и ги оправдувам. Веќе никој не купува Голф од праисторијата. Секој сака безбедно ауто.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Audi A4 B8 vs Audi A6 C6
« Одговори #29 на: 07 Јануари 2014, 12:33:10 pm »
Пресудно за мене би било (иако реков А4 дека е подобро во случајов) кое има пристојна опрема. А и плус А6 ти е од познаник, ама ете од порше имаш неувезена А4 така да треба и тоа да е горе-доле во ред.

Релевантни работи:
Која има темпомат?
Која има ксенон?
Која има кожни седишта?

Без овие три битни работи - никако. По тој редослед. Ова ќе биде кола што ќе ја имате следниве 5-6 години, време кога ќе почнеш да одиш на подалечни одмори, кога ќе одиш со малата по Охриди, по Грчки, по Хрватски. Ќе одиш до Италија да шетнеш, ќе отидеш до Белград, Солун, Софија на шопинг. Гледај во таа насока. Кола за следните 5-6 години.