Вчера арото ме остави на пат. Тргнав накај Марков манастир и тука кај селата батинци матинци ме остави..
Прв пат се случува да ме извиси и првпат вакви симптоми.. Имено.. во сред возење се гасне... Ќе го запалам пак вози 200 метра и пак гасне. и така едно 10 - 15 пати додека да стигнам назат до драчево.. па после ме шлепаа..
коа ми застана вториот пат решив да видам што е како е.. но неможев да му најдам крај..
прво ја проверив платината, капата, каблите.. На телефон со чичко ми мислеше бомбината дека е.. па ја сменив и таа. си носам резерва
и повторно исто... Пали и работи супер и се гасне.. и на бензин и на плин исто.
Како да има гориво за 200 метри и го троши тоа гориво и гасне.
Сега ми е кај него во гаража.. ќе го отворам денес после 5.. прво ќе пробам да го преусмерам системот за плин. мислам дека тие вентилите не работат како што треба... ако е ни тоа ќе му најдеме крај..
Можеби и тоа електронското палење да зеза.. па ке го преусмерам и него ке пробам и така..
Имате некоја идеа?