Пред три дена променето маслото со сите филтери (масло, воздух, клима). Ставено Мобил 1 0w-40 ESP. Од претходниот сервис минатата година поминати околу 17-18к километри. Разликата помеѓу дотуреното и “потрошеното“ масло во тој распон околу 200мл (не знам дали тоа што е фрлено од филтерот/кутијата е ставено во пресметката). Како и да е, се е во границите на нормалното.
Променети свеќиците. Глицеринот тестиран 99,5% е чист. Го купив, ама најверојатно догодина ќе го сменам.
Инаку, направи над 108 000 километри, 43к во моја сопственост. Сега за сега, му доаѓа околу 22к километри годишно. Можеби требаше сепак да биде дизел со оглед на километражата на годишно ниво. Но што е, тука е. Како што разбрав вчера, можно е во Декември да патува за Македонија-Германија и обратно. Моторот, силата, подвозјето, внатрешноста, надворешноста е потполно иста како денот во кој го купив. Во секој случај, спреман е за нови 20к километри до следниот сервис.