Автор Тема: Виброакустична дијагностика  (Прочитано 2823 пати)

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Виброакустична дијагностика
« на: 18 Јули 2011, 21:28:02 pm »



Мошне интересна сфера во делот на техничката дијагностика е виброакустичната дијагностика. Отсекогаш во изобилие се користела (поточно морала да се користи) како најмоќен извор на релевантни податоци за работата на моторот/машината, а во поново време е зафатена од фантастично брз напредок благодарение на развојот на компјутерите и електрониката при што се отвараат нови хоризонти во сферата на дијагностиката. Токму на запознавањето со овој метод на техничка дијагностика во машинството ќе му биде посветен овој текст.

Сè што е под дејство на променливо или ударно оптоварување произведува бучава. Механизмот е следен: под дејство на силите, деловите се деформираат. Ако оптоварувањето е временски постојано и (наизменично) променливо, деформациите преминуваат во вибрации кои се пренесуваат на воздухот и оние вибрации на воздухот кои имаат доволно голема амплитуда (јачина на звукот) и фреквенција (висина на звукот) помеѓу 16 и 20000 Hz ние ги слушаме. Хипотетички, доколку материјалите од кои се направени машините би биле апсолутно крути (што реално е невозможно!), машините при својата работа би биле бесшумни во воздушна средина. Од овде произлегува еден многу важен заклучок, а тоа е дека ако машината ја конструираме така да има што е можно помалку деформации (да се потпрени на повеќе места) и/или деловите да се што е можно покрути, тогаш машината при својата работа би била потивка. Веднаш станува јасно дека конструкторите тежнеат машината да произведува што е можно помала бучава и тоа е еден од параметрите според кој се одредува нејзиниот квалитет, и уште повеќе: преголемата бучава е забранета со закон (затоа што го нарушува здравјето на човекот). Исто така, ако оваа реченица огледално ја пресликаме, ќе добиеме ситуација според која бучавата е показател за истрошеноста на машината, показател за техничката состојба во која моментално таа се наоѓа и можеме да процениме кој дефект би се случил во блиска иднина. Оттука детектирањето и анализата на вибрациите и звукот кои ги произведува машината која е во погон е многу силна и прецизна алатка во рацете на мајсторите за навремено откривање на потенцијален (можен) дефект, оценка за нејзината општа состојба, како и планирање на режимот и системот за одржување на машинскиот (возниот) парк. Виброакустичната дијагностика спаѓа во групата на техничка дијагностика за која не е потребно расклопување на машината, што е една од најзначајните нејзини предности над другите видови на дијагноза и оценка на машината.
Позајмено од Емитер...

http://www.emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=3705
« Последно менување: 18 Јули 2011, 21:31:18 pm marsher »

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Виброакустична дијагностика
« Одговори #1 на: 18 Јули 2011, 23:11:42 pm »
Памтиш порано мајсторите имаа стетоскопи за дијагностика? Додуша може и уште се користат :)

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Виброакустична дијагностика
« Одговори #2 на: 19 Јули 2011, 01:47:07 am »
Чисто инфомативо ме интересира, го работи ли ова некој кај нас ?

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Одг: Виброакустична дијагностика
« Одговори #3 на: 19 Јули 2011, 01:56:41 am »
Памтиш порано мајсторите имаа стетоскопи за дијагностика? Додуша може и уште се користат :)
Го имам кај мене и се уште го користам,само сме немале потреба кај тебе да го употребиме.