Среќна нова на сите!
Најпрво ќе ви пожелам здравје, а се друго само ќе си дојде.
Желба за следната година ми е да организираме (барем една) хуманитарна акција.
Прво за детското СОС село, а понатака и за други дечиња на други места. Нека поминат празнициве и ќе иницирам нешто, незнам што и како сеуште, но кога намерата е благородна начините не се важни.
И немора да сме само ние од овој форум, би сакал идејава да ја распространиме и по други луѓе, други форуми.
Белки на некого можеме да му донесеме малку среќа.
Убав провод на сите!