Истражувањето спроведено од престижниот весник The Wall Street Journal покажало дека милионерите во Соединетите Американски Држави го сакаат Hyundai како марка на автомобили.
Секако милионерите претпочитаат марки како Bentley, BMW и Mercedes, но не бегаат од Hyundai, посебно од новата генерација на луксузни седани на марката Genesis и Equus.
Податоците добиени од American Express велат дека дури 6% од корисниците на платежната картичка American Express Centurion Black Card во својата гаража покрај другите имаат и автомобил на Hyundai.
За каков профил на луѓе станува збор говори фактот дека за да се поседува наведената платежна картичка потребно е клиентот да има годишни приходи кои надминуваат сума од 1,3 милиони долари.
Според The Wall Street Journal, 22% од носителите на American Express Centurion Black Card во својата гаража имаат Bentley, 21% - BMW, 15% - Mercedes, 11% - Porsche, 8% - Lexus, 7% - Ferrari, a 6% - Acura, Audi, Hyundai…
По објавувањето на резултатите шефот на американскиот оддел на Hyundai, Џон Крафчик истакна дека Equus и Genesis се најбараните модели од богаташите во САД и дека Genesis годинава ја минал границата од 30.000 продадени примероци.
Hyundai полека но сигурно го натапкува патот кон успехот во сегментот на лусузни возила. Рецептот е проверен и со него Lexus ја почна инвазијата на САД нудејќи квалитетни, а ценовно достапни модели.
http://vozi.com.mk/vesti/milionerite-vo-sad-go-sakaat-hyundai.html