Сега има многу осигурителни компании на пазарот, така да тврдам дека има компанија во која каско осигурувањето важи во сите европски земји, и нема никаков куршлус туку само треба да се запази постапката при да речеме кражба на возилото.
Исто така има осигурителна компанија каде со каско осигурувањето ги покрива стаклата без франшиза, што у превод би значело, дека и доколку извадите каско со 500 евра франшиза, само за стаклата нема франшиза, и доколку се случи штета на стаклата се надоместува без проблем.
На друго место има да ја речам финта, малку е глупо што каското важи во сите европски земји, а многу наши патуваат во Турција, е таму, важи во европскиот дел ама не и во Азискиот.Замислете колку е интересно во Истамбул, во пола град важи во пола не.Бугарија и Косово колку што знам ги покриваат веќе сите Осигурителни компании.