Автор Тема: Тјунирање на атмосферски бензински мотор со мала зафатнина  (Прочитано 25456 пати)

Отсутен Стефан_Т

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 222
Здраво дечки. Ме интересира кај кого треба да се обратам за "engine tuning"?
Сакам да извадам додатна снага од фабрички, атмосферски мотор со мала зафатнина. Чип тјунинг не ми врши работа. Ме интересира кои се методите на тјунирање на мотор, што се прави на мал атмосферец за да се добие повеќе снага (замена на фабрички компоненти во моторот). Сите информации се добредојдени :)

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Најефтино,да си најдеш др мотор. :) Не ме сваќај грешка,ќе ти требаат доста преправки за да извлечеш нешто конкретно,зависи колку сакаш. Шо кола,колку кс има,колку сакаш да извадиш дрн дрн..
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6216
Првин кажи за што мотор се работи па после ќе правиме муабет :D

Отсутен Martin_GSM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 891
за што мотор станува збор? за која кола?

претежно се менуваат брегасти, издув, усис, карбуратор(ако се работи за постар мотор), полирање на усисни и издувни канали, поголеми вентили, рамнење(стружење на деклата), бушење на блокот, други клипови.. па дури и ставање турбо за кое си има соодветна процедура

воглавно се цели кон зголемување на компресијата и зголемување на смесата од гориво и кислород.

финансиски е многу по неисплатливо во однос на тоа што добиваш за разлика од турбо мотор, и тој мотор ако се префорсира станува неиздржлив и многу скап за одржавање.

првично се поставува прашањето за што ке се користи тој мотор а потоа се друго, има тука доста стручни членови што ке ти помогнат.

Отсутен Стефан_Т

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 222
Станува збор за сузуки свифт (05-10). Колата ке биде секојдневна кола, и не станува збор за екстремни модирикации од кои што едвај ке вадам 10 литра во град.

Отсутен FilipM

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
  • Turbo
Се прави конверзија во турбаш - мало турбо, намалуваш малку компресија, издувна грана, интеркулер, црева, ладење и подмачкување на турбото, додатен компјутер за контрола на новите екстра параметри...не користиш многу буст (0.4-0.5 мах), и тоа е тоа, накратко.. ;D
I’m so mean, I make medicine sick

Отсутен Стефан_Т

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 222
Одг: Тјунирање на атмосферски бензински м
« Одговори #6 на: 16 Декември 2013, 17:52:05 pm »
Преферирам атмосферски мотори, многу се позабавни за возење, одма реагираат, за разлика од турбо мотори и далеку помалку трошат :)
Едноставно преферирам атмосферски мотор, ми одговара на мој тип на возење :)

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6216
Кој мотор го имаш во свифтот?

Отсутен Стефан_Т

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 222

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6216
Епа вака ако идеш на отварање мотор:
-Обработка на главата за да се доведе до 11.5:1 компресија
-Обработка на усисните и издувните вентили
-Обработка и портмеч на усните и издувните канали со издувната и усната грана
-Замена на брегастата со некоја стрит варијанта со поголема лифт и дурација
-Промена на дизните за гориво и промена на регулаторот за гориво
-Проточен издувен систем
-И на крај еден добар custum ремап

рачунај негде 125+HP да добиеш ама реално не ти се исплати освен ако не ти е тоа меракот

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4219
колкав буџет имаш? дали би го отварал моторот? За почеток можеш ремап во комбинација со комплетен издув (грана, средна цеква, заден лонец).

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Да погледнеш што ги ти рекле во Автотек? 5-6кс ќе извадат одма.

Отсутен Стефан_Т

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 222
Издувот не би го чачкал сега за сега (осврн грана)
Иначе да, би одел со варијанта отворање мотор, а буџетот ми е доволен за повеќето модификации што ги сакам, меѓутоа малку ме загрижува потрошувачката.. Очекувам да се покачи, меѓутоа сепак би сакал колку толку да остане ниска. Сепак, за до факултет нема да ми требаат сите 125+ кс што би ги добил.. :D

Отсутен Стефан_Т

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 222
д
Да погледнеш што ги ти рекле во Автотек? 5-6кс ќе извадат одма.
Дени, погледнав варијанта чип тјунинг, и одма ја отфрлив, не е тоа што го барам :/

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6216
чип тјунинг ти е задолжителен ако одиш на било каква механичка модофикација,граната смени ја или преправи ја твојата ако со преден катализатор.