Hennessey Venom GT е спортски автомобил произведен од Hennessey Performance Engeenering. Откриен е на 28 Март, 2010. Предвидено е годишно да се прават само по 10 модели. Производството започна на 29 Мај 2011 година и досега се направени само 3 Venom GT.
http://www.venomgt.com/Venom GT е вазиран на високо модифицирана шасија од Lotus Exigе. Го придвижува мотор од Corvette C6 ZR1 (General Motors' 6.2 L (289 cu in) LS9 supercharged V8). За да може да се вгради централно поставениот V8 алуминиумската шасија на Lotus e продолжена за 600 mm и проширена за 300 mm. Лесната градба условува тежината да биде задржана на неверојатно ниски 1.086 kg.
Централно поставениот мотор снагата ја испраќа до задните тркала преку шест степен мануелен менувач. За да ги задоволат барањата на што поширок круг на октански занесеници од Hennessey нудат три верзии на максимална моќност од ист мотор.
Најслабата изведба на Venom GT ќе нуди 725 КС, следната изведба има 1.000 КС, а врвот од понудата и најмоќната изведба ќе фасцнира со максимална моќност од 1.200 КС.
Venom GT со 1.000 КС до 100 km/h забрзува за 2,3 секунди, до 160 km/h за 5,3 секунди, до 240 km/h за 8,9 секунди и до 320 km/h за 14,3 секунди. Максималната брзина на Venom GT е околу 420 km/h.
Спринтот до 100 km/h во Bugatti Veyron со 1.001 КС трае 2,5 секунди, а до 200 km/h за 7,3 секунди вредност која е некаде на средина меѓу 160 и 240 km/h која ја даваат американците. Затоа да стигне до 300 km/h потребни му се 16,7 секунди.
Максималната брзина на Veyron изнесува 407 km/h.
Перформансите на Venom GT со 725 и со 1.200 КС се од 0-320 мк/ч за 15.9 секунди. Цената стартува од околу 600.000 долари за Venom GT со 725 КС.
Најмоќната верзија e со цена од околу 725.000 долари.
Не знам како може да нема тема за колава, мислам дека заслужува да биде спомната на форумов.