Автор Тема: Поддршка за Bamber Bridge FC  (Прочитано 5718 пати)

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Поддршка за Bamber Bridge FC
« на: 11 Декември 2013, 00:11:53 am »



Како што знаете, од несакајки искочи една голема интернет акција. Поддршка за еден фудбалски клуб од 8мата Англиска лига - Bamber Bridge FC.

Од заебанција, дечките се возбудија со големата подршка на Македонци за нивниот клуб, кој никој не го познава..

Лајкнете ја нивната официјална фан страна - https://www.facebook.com/BamberBridgeFC

а и Македонската официјална фан клуб страна. ( пошто сеа сме ОФИЦИЈАЛЕН фан клуб)

Ве молам без многу тролање, особено не на македонски јазик, пошто стварно нема смисла..Приклучете се кон една стварно генијална идеја од страна на член на кајгана форумот

Отсутен Dekio7

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2601
Одг: Поддршка за Bamber Bridge FC
« Одговори #1 на: 11 Декември 2013, 00:14:00 am »
Ќе носиме некое засилување во Јануари?

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: Поддршка за Bamber Bridge FC
« Одговори #2 на: 11 Декември 2013, 00:15:27 am »
Сега за сега мислам дека се преговара за позајмица на Исмаил Исмаили од шкендија

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: Поддршка за Bamber Bridge FC
« Одговори #3 на: 11 Декември 2013, 00:17:38 am »
Дај една постава за репрезентација да земеме комплет од нив. Веројатно трети ќе бидеме во било која група.  ;D

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: Поддршка за Bamber Bridge FC
« Одговори #4 на: 11 Декември 2013, 00:23:08 am »
И да знаеш!!

Него:

Спротивно на општото мислење, името на клубот не доаѓа од некој мост. Всушност постои едно големо селце, југоисточно од Престон. Местото е наречено "The Brig", а луѓето кои живеат таму се наречени "Briggers". Има популација нешто повеќе од Пробиштип, последните извештаи велат дека таму живееле 12.126 жители. Но да се навратиме на она по што Бамбер Бриџ е најпознат во светски рамки, а тоа е клубот кој учествува во Северна Премиер Лига - Дивизија Прва Север, односно осма лига во Англија, а тоа е секако... Бамбер Бриџ!

Историјата го носи овој клуб уште од 19 век, но тој е реформиран во 1952ра година како клуб за младинци. Не долго, поточно 40 години им требаше на Англиските стручњаци да сфатат каков потенцијал лежи во овој клуб, за тие да бидат промовирани во деветтата лига, Лигата на Северозападните Населби. Тука тие по трет пат го освоија Ланкастер Бригејд купот и набрзо освоија промоција во сегашната деветта лига, за веднаш да бидат второпласирани и на гол разлика да стигнат до сегашната осма и седма лига, тогашната Северна Премиер Лига (заедничко име за степените на англискиот фудбал кој е многу комплициран). Но поради проблеми со оценување на стадионот, не добија дозвола да играат во Фудбалската Конференција, сегашна шестта и петта лига. За жал во 2001-02 ја изгубија борбата за опстанок и се вратија во осма лига, за следната година повторно да се вратат во седма, а веднаш потоа повторно паднаа во осма лига. Но работите не беа толку црни за хероите од Бамбер Бриџ, кои во епско финале го освоија Претседателскиот Куп од Северната Премиер Лига. Официјалната реконструкција во 2007-08 ги остави Бамбер Бриџ на овој степен од Англискиот фудбал, во лигата под ново име во кое настапуваа и до ден-денеска, а тоа е Северната Премиер Лига - Прва Дивизија Север. Рекордни 1.435 гледачи го гледаа последниот натпревар од таа сезона во која завршија петти, против ФК Јунајтед од Манчестер.

Интересен факт е што Бамбер Бриџ всушност држи еден светски рекорд. На 9ти април тие примија два гола во првите 47 секунди од мечот од Њукасл Сини Ѕвезди. За да се зацврсти ривалството со ФК Јунајтед од Манчестер, тие изгубија од нив во полу-финалето на плејофот од 2008 година.

По третото заминување на иконата на клубот, Тони Гринвуд, на жешкото столче седнува Нил Кроу и денеска Бамбер Бриџ се наоѓа на второто место од веќе споменатата Северна Премиер Лига - Прва Дивизија Север.

Името на стадионот е QED Stadium. Најзначајно е што националниот фудбалски тим на Чешката Република настапуваше против Бамбер Бриџ на овој терен и ги порази со 9-1 пред публика од рекордни 2.300, но неофицијален бидејќи секако тоа беше пријателски натпревар, што би барала Чешка во вакво егзотично натпреварување? Преубаво теренче, навистина се чувствува срцето и душата на фудбалот кога ќе застанете на таа мека трева.



Па тука е крајот на воведот, целта е јасна. Капитенот Мети Кеј чие срце бие во чекор со фановите ја знае. Сезонава императив е промоција во седмата лига, Северна Премиер Лига - Премиер Дивизија. Потоа мора да се стави притисок над играчите и управата за да влеземе во Северната Конференција, што лесно ќе ослободи пат до самата Премиер Конференција. Оттука влегуваме во сериозниот систем, четвртата лига во Англија, односно League Two. Тука ќе има ремонт на тимот, проширување на стадионот и зголемување на скаутинг мрежата, а не се на одмет поставување на навивачки бази во земјите надвор од Европа. Откако ќе освоиме промоција во League One, патот е лесен до Чемпионшип бидејќи не е голема разликата во квалитетот помеѓу нив две, мислам дека сосема реално е да се очекува инстантна промоција во Чемпионшипот. Тука веќе се е јасно. Бамбер Бриџ станува светски познат клуб, веќе постојат оформени бренчови на клубот и во Сомалија која е ослободена и прогласена за олигархиска монархија под власт на Џамал Акбари, кој се стреми да ја направи земјата туристичка атракција. Бамбер Бриџ токму тука ќе ги прават подготовките во следните неколку сезони, со надеж дека еден ден конечно ќе ја зграпчат судбината во свои раце... судбината наречена... Премиер Лига!

Целосно преземено од RickyLFC9 член на форумот кајгана и креаторот на сето ова.



инаку ние може да се заебаваме до сабајле, ама они и у осма лига имаат веб страна

http://www.bamberbridgefc.com/

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3049
Одг: Поддршка за Bamber Bridge FC
« Одговори #5 на: 11 Декември 2013, 00:27:20 am »
И во 8-ма лига имаат подобар терен од 98% од терените во МКД. Убава идеја, посебно затоа што ќе се усреќат тие луѓе. Лајкнато.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Поддршка за Bamber Bridge FC
« Одговори #6 на: 11 Декември 2013, 00:30:42 am »
Види го теренон човече...


Лајкнато уште од прееска.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Поддршка за Bamber Bridge FC
« Одговори #7 на: 11 Декември 2013, 01:13:11 am »
Јас за жал не можам да лајкнам, лути ривали се со ФК Јунајтед од Манчестер, тим кој што е формиран од навивачи на Манчестер Јунајтед, како револт кон Глејзер фамилијата која го купи Манчестер Јунајтед.

Сепак им посакувам многу среќа и дај боже да си го остварат планот :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: Поддршка за Bamber Bridge FC
« Одговори #8 на: 11 Декември 2013, 01:21:33 am »
Е да ривали се со јунајтед оф манчестер, ама па ја не го сакам тој тим :) Ако е од навивачи и се тоа, али не сум против Глејзери :D

Инаку сабајле имале околу 350 фанови на страната, моментално се 730 and counting...

Отсутен Nakolce

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2310
  • Имигрант
Одг: Поддршка за Bamber Bridge FC
« Одговори #9 на: 11 Декември 2013, 01:24:40 am »
Линк од македонската фан страна...
https://www.facebook.com/bamberbridgemkd

Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1283
Одг: Поддршка за Bamber Bridge FC
« Одговори #10 на: 11 Декември 2013, 01:33:53 am »
Лајк на 2те фан страни :)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20800
Одг: Поддршка за Bamber Bridge FC
« Одговори #11 на: 11 Декември 2013, 09:02:14 am »
Поента?
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34290
  • Таков е животот... јебига
Одг: Поддршка за Bamber Bridge FC
« Одговори #12 на: 11 Декември 2013, 09:45:01 am »
Поента? Па една од поентите која мене најмногу ми се допаѓа е присутството јавно на интернет под нашето уставно име и нашето вистинско знаме. кој го направи нивниот беџ со нашето знаме алал да му е.

Јас би ваква работа на некои грчишта

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20800
Одг: Поддршка за Bamber Bridge FC
« Одговори #13 на: 11 Декември 2013, 09:54:58 am »
Ако сме толку јаки, зашто да нема некоја ваква иницијатива (или што и да е) за некој релевантен тим, а не за англискиот пандан на „Цементарница 55“?
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Поддршка за Bamber Bridge FC
« Одговори #14 на: 11 Декември 2013, 10:00:57 am »
Зашто таму никој нема да те примети дека постоиш.

Боље прв у село него задњи у град.