Интересно е да се види огромниот напредок на Ф1 низ годините, особено во аеродинамиката. Освен звукот што може да се доживее како емоција нормално и нешто што фали, формула 1 болидите од таа ера може да се класифицираат како машини кои што имаат одлична брзина на правци додека при кривини задача на возачот е да не се искрши некаде, цело време е борба со болидот да има каква таква тракција.
Модерниве имаат неверојатен downforce и возат како на шини, се гледа по g-force кои се многу поголеми во споредба со минатото. Ми се чини од кога заврши ерата на Шумахер и полека почнаа со хибридите тогаш се сменија многу работи во самата аеродинамика. Физичката спремност на модерниве возачи е многу поголема за да се справат со g-force.