Opel Astra Classic 2 - 1.4 twinport Купена на ново во 2009год , опрема ( абс , серво , електрика на прозори и на ретровизори , Sony Cdx Gt20 , клима , воздушни перничиња , и сите други стандардни работи што ги има секоја понова кола )
Досега има околу 25,000км , правени се 4 "сервиси" односно промена на филтер за уље и уље на период година пошто километражата не се извозува...следен сервис ке има промена и на филтер за воздух пошто до сега не е менуван , автомобилот има зимски гуми Marshal i'zen mw15 ( 195/65/15 Малце повисоки од стандардните втора зима им е и сум задовен доста од нив...а и на тестови по интернет имаат добри оцени...среден квалитет на гума во споредба квалитет цена ) и летни гуми фабричките Dunlop 195/60/15 ( кои и не се којзнае што ) , исто така twinport-от е деактивиран со цел подобро примање на гаста под 3000rpm ( Благодарение на членот Djidji )
Од автомобилот сум доста задоволен...досега никакви проблеми нема појавено...има мало крцкање понекогаш во внатрешноста претежно од тапацирот на вратите и тропкање од моторчето на задниот бришач на дупки ( но ова е пошто мислам дека ми беше скршен фабричкиот бришач па затоа има појавено одредена луфта )
Планови: Планови за иднина се вадење на катализаторот,блокирање на егр вентил и ставање на лажач на втората сонда за катализаторот , и вградување на звучници во задните врати пошто сега има само напред
Слики