Објавија дека никој не забавил како што бараат правилата при веење на двојни жолти знамиња. Се додека не е строго дефинирано колку треба да забават, тркачките возачи секогаш ќе гледаат да загубат помалку време.
Можно решение за проблемот кое се разгледува во моментов е далечинско ограничување на брзината на возачите во делот каде што има голема опасност. Нешто како во Леман што беше оваа година. При влез во секторот каде што се тргаат излетаните возила, сите мораа да го палат пит-лимитерот и нормално по излезот го гасеа и продолжува трката.
Исто така се предлага монтирање на заштитна ограда околу сите подвижни кранови кои излегуваат да извлекуваат некое возило, но тоа е само за ублажување на последиците. Поентата е да се спречат излетувањата во такви моменти.