Ред Бул во Монтреал ќе настапи со најсилниот мотор досега?Од таборот на француски Рено порачаа дека за трката во Мелбурн на тимот на Ред Бул ќе им го испорачаат нивниот најсилен мотор досега.Ред Бул, Торо Росо, Лотус и Карехам оваа сезона добиваат мотори од француските фабрики, кои досега се покажаа како значително послаби во однос на германските мотори на Мерцедес. Сепак, напорната работа на инжинерите на Рено би требала да биде наплатена овој викенд кога екипата на Ред Бул конечно ќе дознае дали може да се натпреварува со конкуренцијата.
„На почетокот на сезоната рековме дека процесот на опоравување ќе трае до трката за ГН на Канада. На последните четири трки имавме некои надоградувања и тој процес ќе заврши во Монтреал каде конечно ќе видиме дали можеме да се носиме со конкуренцијата“, изјави шефот на Рено Ф1, Реми Тафин и додаде:
„Имаме неколку нови делови кои ќе дебитираат во Монтреал, направени се за да добиеме на самодоверба. Како на претходните трки, ќе имаме подобрување и на софтверот. Исто така ги истраживме и причините за техничките проблеми во Монако и превзедовме мерки тоа да не се повтори“.
Време беше