Возачите едногласни: Новите болиди се премногу спори!Многу се зборуваше за промената на правилата, новите “турбо” мотори, менувачите, новите гуми, но после првиот тест во Херез возачите беа едногласни.
“Ја изгубивме таа сирова брзина, гумите се тврди и многу е потешко да се вози и да се контролира болидот, а покрај тоа е и поспор”- изјави Адријан Зутил.
“Ова е штета за Ф1 требаше да биде најбрз на светот и сите да си помислуваат зошто е најбрз на светот. Убаво е што ја имаме сета таа електроника и турбо моторот, но никој не сака да види спора формула на кривини”- изјави Магнусен.
“Не може да се спореди со болидот кој го воземе до сега. Имате помала сила во кривините, но и помала контрола бидејќи гумите се тврди. Возев картинг во кој повеќе бев исплашен од овој болид”- остар беше Фернандо Алонсо.
Ќе видиме како FIA ќе реагира на ваквите изјави на возачите бидејќи за волја на вистина безбедоноста е на прво место, но тенка е линијата кога Формула 1 тогаш го губи својот сјај бидејќи сите знаме зошто ја гледаме...
http://supersport.com.mk/motosport/formula-1/item/8114-vozachite-ednoglasni-novite-bolidi-se-premnogu-spori