Во случајов споредуваме исти работи - звук на Ф1 мотори.
И покрај тоа што се кријат позади исто име („Ф1 мотори“), моторите се сменија во последниве 30 години. Не се исти работи. „Ф1 мотор“ е премногу широк поим за доволна доза на „истост“.
Не можеш да споредуваш звук мотор на авион-ловец од 1944 и 2014, и покрај тоа што и за двата важи терминот „мотор на авион ловец“. Да, знам дека разликата меѓу овие два е многу поголема отколку разликата меѓу ферарито на бергер и на рајко, но и оваа помала разлика меѓу формулите е доволно голема за директното споредување биде баби и жаби.
Не знам, мене лично поише ми се свиѓа денешниов басест звук „накитен“ со свиркање на турбото, отколку овие „неподмачкани усисивачи“ од минатото. Тие ми се ко крештала некои. Кога ги слушам, денснава рака сама го бара мењачот да убаци у повисока брзина.