Мене лично ми е крајно глупава станата формулава кога секое штрафче е регулиранано со некоја си регулатива на ФИА за колку да се рече дека е регулирано. Пример е двојниот дифузор, што имаше врска ако останеше тој, не представуваше речиси никаков трошок, ФРИЦ суспензијата, Ладењето на кочниците, Мапирањето на издувните гасови и уште 1 тон останати работи кој беа чисто интелегентни решенија кој беа забранети зошто другите тимови неможеа да се снајдат и да ги копираат. За мене се ова се тешки глупости.
И за мене. Ова јас лично го гледам како запирање на развој. Поголема лабораторија од Формула 1 нема.
Друго нешто да додадам, во врска со горивото, тоа што е ограничено не е никаков хендикеп.
Моја лична забалешка од неколку трки, и не знам дали е воопшто точно, не сите тимови се танкаат со 100кг на гориво на почетокот.
Според графиците што излегуваат имаше еднаш случај Розберг да штеди гориво, а според графикот ситуацијата беше обратна.
Очигледно некои тимови возат една трка со помалку од 100кг, така кажува и бордот што ни излегува на екран, освен пак и тој ако лажи ко на нашите коли.
И да се надоврзам на дискусијата, сезонава е подеднакво интересна како и лани, има интересни трки, а има и нема. Зависи од дождот и патеката.
Глупаво е што или Розберг или Хамилтон ќе биди шампион, ама пак и во предходните две сезони иста беше ситуацијата со Фетел, тој беше.
Иначе немам тим омилен, навивам за Рикиардо, а пред тоа бев за Вебер и ко ќе му најдиш НЗС добиваш Австралија.
И фала богу на радиото, можиме да видиме колкави плачковци се овие мажиштава од возачи, наградата за Унгарија ја добива Розберг.
Исто и за Британија, на Розберг ко му се расипа менувачот, кажете ми што да правам, кажете ми што да прицнам, умре колата излези.