Да ја живнам темата
Со татко ми сме во дилема... Е46 или B6 или C5

Е сеа 2.5TDI не одговара заради потрошња и одржување. Татко ми не е некој човек што мноооогу сака да се замара со кола.
Редовни сервиси, перење и сл. Алфа не е за него да се разбереме

Дилемата кај Е46 е дали да се оди 320D или 330D ...
Ме интересира дали имате искуство во однос на потршоња, оддржување и сл.
Од чаршиски муабет слушам дека 330ката троши 1 литар повеќе, посочувани се моторите (што имате некаде смисла нели друго е 3 литра да влечат друго е 2) биле многу робусни, не знаеле за дефект дрн дрн. Знам дека 330-ката како мотор е многу возен во други модели Х5, 5-ка, Land Rover, значи претпоставувам е добар мотор чим сите овие го вградуваат.
Значи прашањето е повеќе 320 или 330?