Здраво Алек,
неколку мои искуства: јас ја имав од 2002/2010. Ја увезов од Германија (производство 98г) со 80.000км, јас продадов со 180.000км. Пошто мојата беше од првата моделска година имаше малце мушички со крцкање, зуење, тропање и сл во интериерот, веројатно натаму ги решиле. Иначе внатрешноста е трајна, цврста, материјали и се то се здрави, така да ако е ОК сочувана, би требало долго време да ти го прај ќефот.
Шо се однесува до моторот, реално многу солиден и цврст мотор. Во споредба со Голф 4 ТДИ 90кс е каде каде подобар во вожња иако е послаб (ова пошто неколкупати бев во Битола во VW сервис, самите тие ми коментираја дека е многу подобар). На угорници убо прима, стартен е од ниски обртаи, држи солидна брзина на отворено ~160км/ч без проблем (натаму веќе е бучен и му снемва воздух), за нормално секојдневно возење е таман, со мојата ја поминав цела МКД уздуж и попреку и сите соседни земји.За трошење то е, како шо пишат и дечките погоре, градска нема да си испод 9 ни под разно, на отворено, мојо рекорд од БТ-ОХ со 90км/ч беше ~4л/100км, со стандард вожња без пазење си е 5.5/6л.
Нешто познати маани на тие мотори реално нема, не се маани, то е сепак експлоатација (бош пумпа и сл). На ланец е, то е голем плус. Мене во тие 100.000км шо ја возев реално интервенциите ми се сведија на потрошни делови: напред суспензијата нешто: јабучица, спона и сл, дискови/плочки стандард, клинасти каиш, шајбна за радилица, грејачи за нафта. имаше неколку проблеми со гумените црева околу хладњак, турбо и ЕГРот, се решија нешто со промена нешто со нови стеги. Сигурно има уште некој работи ама ете не памтам конкретно. Кола ко кола, ама пак лесна е за одржавање, во трафика да одиш ќе најдиш комплет делови за сервис

Ако си во ОХ најди некој од то мајсторите од Опел Старт нека ја провери, ако си во СК, тогаш кај marsher ти е најсигурно (мојата таму ја одржував).
Ако си купиш, со здравје да си ја возиш, да ти се погоди како шо треба.
поздрав