Мораш да гледаш кој највеќе и со најмалце проблеми исплаќа штета, дека во друго горе доле исти се сите. Цената нека не ти биде примарен фактор, затоа што, не дај боже ако затреба ќе се нервираш за мала разлика во цена.
Кјуби е повеќе од 50 години мислам(бившо ДОС или Македонија осигурување), али никаков фактор за сериозност и професионалност не е тоа. Се зависи од вработените, односно раководството.
Винер порано беше Сигма, али ги купија австријци и сосема добри се моментално. Триглав(бивши Вардар) е многу паднат изминативе години, со нивните барања за процедура, тешко исплаќање и слично.