Подобро е да удриш во армиран бетон одошто во куче. Ако удриш со 90km/h, како што велиш со централниот дел каде е регистрацијата, колата ќе ти биде партали и тоа со сигурност следниве делови: хладњак, браник, хауба, крило, фар и др. Со други зборови колата нема да биде во возна состојба.
До сега имам доживеано два удари во џукела, а еден од нив со голема брзина...
Како деца во 8-мо ги крадевме автомобилите на родителите, па така на времето еден наш другар искрши нов голф 3. Низ уличките во Тавталиџе возевме многу брзо, може 100km/h. Од едната страна излегуваа деца од школо на голем одмор и за да ги избегнеме преминавме во спротивна насока. Во исто време џукела која лае и се затрчува по коли од другата страна ни се имаше стрчано, ама другаров не ја запримети и удри директно во неа со тоа што веќе подзакочи поради децата. Еве нека возеше 70 кога удривме. Изгледаше како да удираме во бетонски блок. Всушност баравме нешто бетонско, камен или метално бидејќи не ни се веруваше дека ударот во џукела е толку стравотен. Колата беше партали, сите делови кои погоре ги спомнав беа сол и уште не знам што друго излезе дека е оштетено кога ја однеле на сервис, бидејќи не беше видливо од надвор. Над 7000 марки беше штетата. Џукелата мртва на лице место, во локва крв, беше мала по раст, не верувам дека тежеше повеќе од 35 кила.
Е сега ти види што ќе се случи кога ќе удриш со 90~100km/h. Чисто како информација од физика, при 90~100km/h силата на ударот е дупло поголема одошто при 70km/h. Силата на ударот се зголемува кубно со брзината на движење.