И јас сакам да земам Пулимакс, ама пола литро, вие изгледа зимате на големо. Ќе поминам од Велмарт, 300 ден. е.
АЈ да се самоцитирам, го купив летово Пулимакс и се зезнав, по пола со другар го зедовме, али не било чудово за рачно, се убив од триење и да излегуваат нечистотии, има ок мирис, али за разлика од тоа што го гледав по видеа и повеќе турав и пак не исчистив колку што очекував.
Не се лажете да земате за рачно, подобро платете си некој што има машина да ви го среди тоа што сакате да го исчистите.
За ова за полирање јас можам да ве дружам, планирам и така да ја шиткам колата, па не е лошо да дадете некој предлог да ја нашминкам троа од надвор да светне, имам и неколку ситни гребаници од паркинг, ако има начин да се корегираат и тие би било супер