Автор Тема: Проблем со клима на "auto" на Golf 4  (Прочитано 2291 пати)

Отсутен S16-HGT

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4442
  • НУКЛЕАРЕН КОМАРЕЦ
Проблем со клима на "auto" на Golf 4
« на: 19 Мај 2013, 19:51:33 pm »
Кој би можел да е проблемот на CLIMAtronic- от во Golf- чето што секогаш кога ќе ставам на "auto", после неколку минути од патувањето, почнува да не лади како што треба и без оглед на тоа што притискам на копчињата да се појачаат вентилаторите, тие не се појачуваат ? Инаку, кога е вклучена без "auto", си лади. Фреон има, компресорот е во ред.


Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29523
    • CARclub.mk
Одг: Проблем со клима на "auto" на Golf 4
« Одговори #1 на: 19 Мај 2013, 20:44:37 pm »
По некоја логика, ако е на ауто, не би ти ни требале копчињата за регулирање.

Нејсе, не е тоа проблемот.

Мислам дека во еден од тие мрежастите отвори на панелот би требало да има термометар кој ја детектира и регулира температурата. Може да има наталожено прашина на него па не дава точни вредности и системот се збунува. Пробај со една конзерва компресиран воздух издувај го убаво. На времето читав некои вакви работи по форумите за Seat, и ми има логика, а може и да тресам глупости.

Отсутен S16-HGT

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4442
  • НУКЛЕАРЕН КОМАРЕЦ
Одг: Проблем со клима на "auto" на Golf 4
« Одговори #2 на: 19 Мај 2013, 20:51:23 pm »
Интересно, сосема логично и апсолутно возможно.  ;D

Отсутен Zvrki

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 396
Одг: Проблем со клима на "auto" на Golf 4
« Одговори #3 на: 19 Мај 2013, 21:35:23 pm »
Ништо не му е така треба. Кога е на auto он почнува да лади поинтензивно и после само одржува температура. Пробај исклуви ја auto опцијата и ќе видиш дека ќе лади нормално да неречам ќе „фуче“ :)

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Одг: Проблем со клима на "auto" на Golf 4
« Одговори #4 на: 19 Мај 2013, 22:26:10 pm »
Climatronicot може да се дијагностицира со тестер...

Отсутен S16-HGT

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4442
  • НУКЛЕАРЕН КОМАРЕЦ
Одг: Проблем со клима на "auto" на Golf 4
« Одговори #5 на: 20 Мај 2013, 01:08:10 am »
Маршер, дали кај тебе можеме да го ставиме на тестер ?

Отсутен Urban

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 7
Одг: Проблем со клима на "auto" на Golf 4
« Одговори #6 на: 02 Ноември 2013, 17:07:13 pm »
Климатроникот има вградена сопствена дијагностика, за повеќе на следниот линк:

www.saunalahti.fi/~jues/Climatronic_Self_Diagnostics.pdf