Ајде малку да го разгледаме случајот со маслото во бензин како фактор на зголемување на компресијата а со тоа и притисокот во цилиндерот.

На сликата се гледа клип кој работел со согорување на масло покрај основната смеса на бензин и воздух. Се гледаат трагови од карбонизација, продукт на согорувањето на маслото, што не е и гареж. Гарежот излегува низ издувните вентили. Оваа карбонизација е истругана од сите четири клипови и не за фаќа повеќе од 0,5цм3. Оваа количина може да се внесе во пресметките и секако дека ќе придонесе кон конечниот резултат кон зголемување на компресијата.Ова е се ОК, доколку оваа карбонизација не претставува точка на вжарување и како последица на тоа , самопалење на смесата, нарочито на повисоки вртежи, а како последица на тоа и детонантно согорување. За да се нафати оваа карбонизација, моторот треба многу подолго време да работи. Последици од согорување на маслото-карбонизација се случува и на свеќичката, што може да се види и на сликата , а што придонесува и за намалување на карактеристиките од свеќичката, како и нејзино намалено ладење.

Тогаш зошто маслото придонесува кон покачување на притисокот во цилиндерот за кратко време.
Меревме компресија на еден цилиндер, на мотор во одлична состојба со исклучено палење на свеќичките, но не и ињекторите, така да за време на мерењето вбризгуваа бензин во цилиндрите.Резултатот добиен со мерење на манометарот е 12,2 бари.

Потоа под истите услови, во цилиндерот е ставена минимална количина на моторно масло-отприлика половина кафена лажичка и причекавме една минута да се разлее околу клипот. Резултатот од мерењето е 15,2 бари.

Оваа разлика од 3 бари не е мала. До ова доаѓа затоа што маслото го затвора подобро просторот околу кариките и придонесува за покачување на притисокот.
Секако маслото во бензинот не е со таква концетрација, но придонесува да се покачи притисокот во цилиндерот.