Еве и јас да ја паркирам мојата кола во гаразата на Carclub
Се работи за ASTRA H 1.4 Twinport,Купена и произведена 2007. Ставен е плин пред скоро година дена и до сега сум генерално задоволен. До сега имам поминато вкупно 44 500km .Сега за сега освен акомулатор друго немам ништо сменето, дури и гумите и гумиците на брисаците се оригиналните и одлично бришат. Гумите уствари си плачат за менување ама се надевам дека ке најдам 16" бандажи оти за 15ки ич пари не ми се дават. Сервис и правам на секои 6-8000 км, во зависност колку ја возам. До последниот сервис користев GM 5w30 масло од кое што бев задоволен а сега на последниот и ставив LM 5w30 и нема никаква разлика.
Првата слика е секако да се види логото на Carclub
Бев многу блиску до купување на алуминиумски бандажи од Astra G-Bertone, Двата беа добри ама кога ги видов другите два се растури работата,ама сепак ги пробав да видам како ке и стојат на Астрата, само што гумите се многу мала димензија, а децкото сто ги продавасе ги возеше на корса C .
Случајно ја паркирав на нерамница и ја сликав да видам како би изгледала спуштена , ама сепак гумата и бандазот ја усраа работата.
Ставив хромирани лајсни под прозорците , не знам колку ке се види од сликата, ама во живо многу убаво изгледа.
(Еве слики свежо сликани ама пак не се приметува многу отсјајот)
Pa ako ima nekoj 16ki bandazi pa makar i celicni neka kaze.