Во каталог NZ моторите на VW се заведени како мулти-поинт инџексион мотори. Од тоа што може да се види на фотографијата, се работи за L-Jetronic тип на вбризгување. Кај овој тип на мотори може да се постави плински уред. Иако се работи за возило од постаро производство, најдобро е да се постави секвенционален плински уред. Цената е 540 евра за систем со цилиндрична плинска боца, 570 евра за систем со торусна (кружна) боца.