Да го претставам и јас мојот проект.
Како што кажува насловот се работи за FORD TAUNUS 1974год. 1,6 линиски мотор со поминати околу 16000км.
Колата ја имам околу 3год. и за тоа време помина низ повеќе надоградувања од страна на перформанси и изглед.
Како изгледаше пред почетокот на работите.
Пред овие бандажи се возеше на 13ки.
Оригиналниот мотор исто така беше заменет со друг 2,0EFI, 5степен менувач, издув MAGNAFLOW, K&N филтер, гасни амортизери, ксенон и др.
Да преминам на моменталната состојба.
Се стартуваше со расклопување на колата до последен штраф и припрема за пескарење
На пескарење
Шприцање во 2к епоксиден прајмер
Вратен назад во гаража
Во меѓувреме купени и стигнати сите потребни лимарии (прагови, полумесеци внатрешни и надворешни, шините кај што лега крилото и др.) најдено 1 ново крило БАРАМ уште 1 за совозачката страна ново или половно во добра состојба.
Испескарен предниот трап
Еве и некоја слика од деловите кои ќе одат во него
Во колата ќе оди V6 2,9efi мотор комплет со менувач, серво волан, задни дискови, ел. на прозори и др.
Сега за сега толку но има уште многу работа така да ќе има апдејти за сето тоа.