Автор Тема: Најекономичен бензинец и најевтин дизел  (Прочитано 32678 пати)

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Најекономичен бензинец и најевтин дизел
« Одговори #75 на: 28 Јануари 2011, 19:12:57 pm »
Ти помогнавме ли околу изборот на нов автомобил, имаш ли идеја што би зел?

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Најекономичен бензинец и најевтин дизел
« Одговори #76 на: 28 Јануари 2011, 19:14:48 pm »
Еј што и да земеш само W не земај  :P

-рече LosiPatista и избега.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен proff

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • no comment at the moment
Одг: Најекономичен бензинец и најевтин дизел
« Одговори #77 на: 28 Јануари 2011, 19:27:28 pm »
Е сега кога ја средив астрата ќе си дозволам некое време да уживам во целата моќ што ја пружа тој мотор (2.0 DTI 16V 101KS), а потоа да сме здрави и живи ќе размислувам што понатаму. Да ја продадам сега ќе треба некому да направам услуга. Да му дадам возило во перфектна состојба со детален сервис за евтини пари. Инаку пред астрата имав хундаи акцент 1.3 и не да бев задоволен од тоа возило туку бев презадоволен. Десет години ја имав и единствено што менував беше масло и филтри. И прво на што ми оди умот кога би купувал е i20 заради потрошувачката или i30 заради комфорот, изгледот, моќноста... Во секој случај не би одел на возило поскапо од 11000Е и мислам дека за таа сума можи да се одбери добро семејно возило.
Иста грешка неможиш да повториш два пати. Вториот пат тоа не е грешка туку твој избор!

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Одг: Најекономичен бензинец и најевтин дизел
« Одговори #78 на: 28 Јануари 2011, 20:38:51 pm »
Proff ti kupi kola so maana, pa pojde na majstor koj uste tolku te zaeba. ZOsto misli deka so poloven benzinec nemozi istoto da ti se sluci? Mislis deka kvaroivte kaj benzinecot se poeftini, jas nemislam taka, kaj benzinecot ima mnogu poveke raboti sto mozat da se rasipat, kaj dizelot samo elektronikata na bos pumpata. ete neka intervenira marser okolku ova prasanje.
Te podrzuvam okolu izborot za nov avtomobil, toa e dobar izbor.
Моторот што е на Астрата од профф е механички многу издржлив и во пракса, доколку се одржува редовно како што треба, поминува 700000км без проблеми.Проблемите со пумпата од тој тип не се ништо чудно, поготово за квалитет на горива , на нашиов пазар.Да напоменам, тој тип на пумпа не се вградува само на опел, ја има и на ауди, на форд.
Случајот на проф е збир на лошо наместени настани, за кои тој е најмалку крив.Да беше на право место и во право време ќе поминеше многу поевтино. Но и тоа се случува. Неговата астра не е возило кое е познато по многу дефекти, сем редовните, заради состојбата на нашите патишта и она најважното, што никој не го знае, како е одржувана пред да ја купи.
Сега му посакувам, да ужива во возењето со неа и да заборави се што било.Враќањето на старите работи, одзема дел од иднината, а ние не сме вечни.
Bon Voyage

Отсутен proff

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • no comment at the moment
Одг: Најекономичен бензинец и најевтин дизел
« Одговори #79 на: 28 Јануари 2011, 21:01:25 pm »
Алал да ти е marsher. Уште еден доказ дека пред се си човек, а после тоа сервисер. Мојата астра наскоро ќе биди во твојот албум на тјунирани возила :) a впечатоците од дополнителните триесетина коњски сили ќе ги пренесам овде на форумот
Иста грешка неможиш да повториш два пати. Вториот пат тоа не е грешка туку твој избор!

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Најекономичен бензинец и најевтин дизел
« Одговори #80 на: 28 Јануари 2011, 21:28:14 pm »
Алал да ти е marsher. Уште еден доказ дека пред се си човек, а после тоа сервисер. Мојата астра наскоро ќе биди во твојот албум на тјунирани возила :) a впечатоците од дополнителните триесетина коњски сили ќе ги пренесам овде на форумот

Alal da ti e i na tebe proff !!!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34065
  • Таков е животот... јебига
Одг: Најекономичен бензинец и најевтин дизел
« Одговори #81 на: 28 Јануари 2011, 22:41:00 pm »
Аман бе дечки.... се расплакав  :'( :'( :'(



 :D

Отсутен proff

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • no comment at the moment
Одг: Најекономичен бензинец и најевтин дизел
« Одговори #82 на: 28 Јануари 2011, 23:09:51 pm »
Исплачи се - ќе ти олесни :)
Иста грешка неможиш да повториш два пати. Вториот пат тоа не е грешка туку твој избор!

Отсутен T-Energie

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 11
  • Opel Astra G 1.2 48kw 66ks
    • Tuning Energie
Одг: Најекономичен бензинец и најевтин дизел
« Одговори #83 на: 18 Јуни 2011, 14:17:26 pm »
Од информациите со кои јас располагам би можел да го кажам следново:

Бензинец:
1. Во класата на Астра и Голф (+- ситно) најмала литража што можеш да најдеш е 1.4 или евентуално 1.2. Кај возилата со таа маса и тие мотори во град потрошувачката на бензин 95 сигурно ќе биде над 7л на 100км (за 1.4л 8,0-8,5л) додека со домаќинско возење (до 100км/ч) на отворено може да се извади 5,5-6л.
2. Мислам дека сите бензинци ќе ја извадат истата потрошувачка. Тие цифри денес се стандард и освен Лада 110 сите други би требало да ја извадат таа економија. Ствар на вкус.
3. Од поквалитетните возила според мене: Голф 1,2 ТСИ, Астра Класик 1,4, Пежо 207 1,2. Хундаи и20 1,2. КИА Сид 1,4 (со мотор од тојота). Да не заборавам Шкода октавија 1,4.

Дизел:
1. Моментално Рено и Ситроен изгледаат како најевтини а докажани дизели од 1,4л. Немам информација дали и Пежо ја води истата ценовна политика.
2. Споменатите во град нема да надминат 7л на 100 км а на отворено нема да надминат 5,5.
3. Дизелите на Опел не знам дали се поправија со Астра Класик и Корса. Старите мотори беа катастрофа (и атка не беа од Опел). Јас не би земал такво нешто.

Во таа класа не ги испуштив другите брендови како Форд, Тојота, Мазда, Фијат, Мицу, Хонда ама споменатите се сосем конкурентни а водат најагресивни ценовни политики.

Со оглед на тоа како тргнале цениве на горивата, јас би земал бензинец и тоа по можност со фабрички вграден плин (Опел и Шкода). Ако се мора без ова, тогаш дефинитивно во блиска иднина ќе мора да се размислува за плин.
Ако се вози многу особено на отворено, би одел со Цитроен Ц3/ц4, Рено Клио 1,5 ДИЗЕЛ. Евтини се возилата, а на дизелот маста ќе му се извади.
Opel Astra G 1.2 gratska potrosuvacka na benzin 10l

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9193
  • Аstra la vista baby !
Одг: Најекономичен бензинец и најевтин дизел
« Одговори #84 на: 18 Јуни 2011, 17:24:22 pm »

Opel Astra G 1.2 gratska potrosuvacka na benzin 10l

Зар Астра 1.2 троши повеќе од мојата 1.6 ???
Не вервам 1.2 да троши повеќе од 8.5 гратска...

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8524
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Најекономичен бензинец и најевтин дизел
« Одговори #85 на: 18 Јуни 2011, 17:26:43 pm »
Тапа е бе 1.2  не може да ја мрдне колата, затоа и троши толку...

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Најекономичен бензинец и најевтин дизел
« Одговори #86 на: 18 Јуни 2011, 17:52:03 pm »
Тапа е бе 1.2  не може да ја мрдне колата, затоа и троши толку...

1.2 е топ за во корсичка, ама ... циганска работа...

Колку за инфомрации има и Астра Г 1.2 караван...
 
http://www.pazar3.mk/Listing/Detail/Index/387784

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34065
  • Таков е животот... јебига
Одг: Најекономичен бензинец и најевтин дизел
« Одговори #87 на: 20 Јуни 2011, 09:44:14 am »
Астрата 1,2 во град не повеќе од 8л. Газдата ни ја даде да ја возиме кога си купи тој Епика, на отворено трошеше 6 со манијачко возење со гас до даска. Мислевме дека е 1,4 ама била 1,2. После им ја даде на колешките и тие ја удрија на водњанска пред Ахноч во тие банкините кај што штрчи куќата, и не знам што и направија после тоа. Иначе главна особина, во колата не се осеќаше дека воопшто има мотор.