Nissan GT-R од Ben Sopra
Ben Sopra е нова тјунинг компанија со седиште во Осака, Јапонија, а првиот тјунинг проект со кој ќе се претстави ќе биде на база на Nissan GT-R и ќе изгледа драматично добро.
Nissan GT-R е еден од најдобрите спортски автомобили кои се произведуваат во моментов. Има одлични перформанси, изгледа страшно добро и е миленик на тјунерите низ светот.
Веќе имаме претставено неколку тјунинг пакети за овој Јапонски ѕвер, од докажани и реномирани тјунинг компании. Овој пат ви претставуваме нешто ново и досега невидено. Во Осака, Јапонија се формираше нова тјунинг компанија која се вика Ben Sopra и која има намера да се претстави на Tokio Auto Show 2012 со ни помалку ни повеќе - феноменален тјунинг пакет за Nissan GT-R кој ќе ве извади од памет и според бројките зад перформансите и според изгледот.
Деталите засега се чуваат во тајност, но неколку рендери тоа како би изгледал Nissan GT-R се најдоа на интернет преку официјалниот сајт на Ben Sopra. Освен изгледот, единствeната друга информација која ја имаме, е таа дека откако момците од Ben Sopra ќе завршат со работата на овој автомобил, тој ќе произведува 1000КС.
http://www.gt.mk/News.aspx?PostID=f6333e55-a245-4e56-a56b-acdee24c9dce