По некоја логика, ако е на ауто, не би ти ни требале копчињата за регулирање.
Нејсе, не е тоа проблемот.
Мислам дека во еден од тие мрежастите отвори на панелот би требало да има термометар кој ја детектира и регулира температурата. Може да има наталожено прашина на него па не дава точни вредности и системот се збунува. Пробај со една конзерва компресиран воздух издувај го убаво. На времето читав некои вакви работи по форумите за Seat, и ми има логика, а може и да тресам глупости.