Plimont, se sekavam porano PSA benzincite na plin imaa problem so rabota vo ler. Ova reseno li e?
Специфицен е 1.4 16 вентилскиот мотор на ПСА кој се вградува во 307-ца и Ц4-ка.
Проблемот се јавува кај возилта произведени помеѓу 2004 и 2006 година. Имено, кај мал процент од овие возила се случува да имаат немирна работа на моторот на бензиски погон кога работи на лер-гас. Тие возила по вградување на плински уред имаат немирна работа на лер-гас и на плински погон, која е нешто поизразена отколку на бензин.
Од денешна дистанца можам да кажам дека се работи за мала бројка на возила кај кои го забележавме тој проблем, мислам дека од над 100-на (грубо кажано) на кои вградивме плински уред, само 5-6 беа непријатно немирни на лер-гас.
Во соработка и огромна помош од генералниот застапник за возилата Peugeot - Еуроимпекс, и екипата од нивниот сервис, успеавме да решиме и поголем дел од проблематичните возила. Меѓутоа, во цитроен не се расположени за соработка околу проблемот со ниските вртежи, и на жалост, не бевме во можност да помогнеме во изнаоѓање решение кај возилата од марката цитроен.
Поздрав