ako ti gi zeam rasplinjacata i diznite dali ke mozam na bilo koja boca crevca elektrika da gi vrzam ?
i dali ke moze da se atestira ?
ке ти треба секвент компјутер со документи, боца со документи и атест, понатака фланша со ознака 02 за атест исто така со документи за да пројдеш на финален атест... не зборам за брендот, значи можеш од сите брендови различно да собереш, се додека си има документи со сериски број и/или атест за делот, проаѓа без проблем. можеш се да измешаш.
да ти посочам дека за компјутерот ти треба и софтвер како и соодветен кабел за комуникација со ПЦ. без тоа, плинот никад нема да ти проработи.
боца може да биде стара до 10 години. за компјутерите нема временско ограничување, како што нема ни за дизните ни за расплињачата. и секако за крај има неколку нормативи околу поставувањето на цевките бакарни, со која дебелина каде да биде, со каква точна изолација да биде, и што треба да се пази при монтажа од кај смее а од кај не смее да пројде цевката од боца до расплињача и од боца до полначка..