Поздрав и до колегите од Dog Security, и до останатите форумаши.
Значи, генерално, Гојдо е во право, кога ќе работи на плински погон возилото ќе троши приближно 25% бензин и 75% плин, поточно заради ладењето на бензиските инјектори, секој бензиски инјектор повремено мора да се активира. Овој начин на работа на возилото, во автогасната литература, се нарекува ,,split fuel strategy” (погледни линкот:
http://www.plimont.com/galery4/index.php?/category/126 ), поточно, плинскиот ECU (компјутер), дозволува во одредени секвенци, отварање на бензинските инјектори, иако возилото се движи на плински погон.
Од сите возила со FSI и TSI мотор, токму за Јети 1.2 имаше најголем интерес.
Меѓутоа заради фактите дека цената на уредот е над 1000 евра, покрај плин има и висока потрошувачка и на бензин, и дека постои шанса да изгори бензиски инјектор (кои знаат да горат и без вграден плински уред), мислам дека границата на исплатливост на плинскиот уред кај FSI моторите е доста кревка.
Друг проблем е што за секој тип на ФСИ и ТСИ мотор се нарачува посебен уред, према кодот на моторот, така да и самата набавка оди доста тешко, понатаму, и набавката на резервни делови.
Тоа се причините зашто досега не сме почнале да ги работиме уреди за FSI и TSI мотори, иако сме присуствувале на предавања од страна на инжинерите на ,,Landi Renzo”, каде и се вгради уред во Passat 1.6 FSI.
DOG SECURITY, доколку си расположен да ја возиш Шкодата на плин, можам да ти
пратам на П.П. колку е набавна цена, и доколку се одлучиш, ќе го вградиме уредот по таа цена.
Голфовите 5-ки и 6-ки кои се возат низ градот сe со 1.4 МПИ мотор, не се со FSI
и TSI мотори.
Во продолжение, ќе постирам неколку слики, како би изгледал плински уред на Шкода 1.2 :