па јас почнав со тоа што отидов во псс на зајчев рид и кај полицаецот му го посочив ова дека е грешка... кај мене се востанови дека е само грешно испечатено, а во систем си стоеше правата бројка...
инаку, од вакви слични ситуации што знам луѓе што ги имале, крајниот начин е тест на моторот во аутомакедонија или машински факултет. од таму ке издадат они документ која е правата снага на моторот и ке ти биде впишана во сообраќајната, секако и во системот на мвр ке биде корегирано... е сега, што документи се потребни, незнам... прашај.. јас сум правел атест на мотор, ама кај мене беше промена од бензинец во дизел, па ми бараа потекло на мотор, документ за купување на истиот, сообраќјна копија од мотороот, па на крај и мерење на возилото за вкупна тежина одкако е променета состојбата... за твојата ситуација незнам како би било... можно е да е само грешно испечатено... ама па ако бројката се поклопува со коњажа наместо киловати, тогаш многу можно е и во систем да е така внесено... ти останува само да прашаш па и на нас да ни кажеш што ти одгвориле...
Ах ова мешање на „сила“ и „моќност“ 
Моќноста на моторот се мери во коњи или киловати
Силата на моторот се мери во њутнметри
кај мене беше бајаги поголема грешка одошто да се измешаат њутн метрите со киловатите... или мислеше можеби за терминот употребен во сообраќајната како официјален документ?