Автор Тема: Вашиот следен автомобил?  (Прочитано 65411 пати)

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Вашиот следен автомобил?
« Одговори #165 на: 29 Декември 2013, 18:34:45 pm »
Целата кола е увезена и преведена на МК табли, па рокната, па увезен заден дел па калемена. Така знам од муабети.

Не би го купил ја ова, јебеш ти мерцедес кога знаеш дека негде е варен.

И да, кога би купувал кола на старо, особено вака скапа би го дал на сите можни проверки, било тоа и рентген. Ако е се ок нема од било каква проверка да се плаши продавачот.

Jacно друже. Но ако е добро направена нема да има никакви отстапувања од фабричките вредност. Има доста сервиси кои се виртуози во работата и тешко се препознава.
Иако правиш ренгенска дијагностика на варовите и електомагнетно снимање може да се увиди разликата меѓу фабрички варен детал и вар направен во сервис. Но треба да знаеш како да работиш со таква апаратура.
Ултразвуков дебеломер може прецизно да утврди колку слоја боја се нанесени а со помош на специјални инструменти може и да се видат слоевите на бојата и нивната дебелина.
Бидејќи Мерцедес користи роботизиран процес на боење се знае колкава може да биде дебелината на лакот и слоевите нанесени во фабрика.
И денес има сервиси кои користат софистицирани инструменти за мерење на големина на лак. Но ако ги пескареле деталите и после слој по слој внимателно нанесувале и мереле, може да го добијат она што е фабрички специфицирана дебелина на лак во нормални толеранции.
А бидејќи 90% од проценителите на возила најчесто немаат инструменти кои се во ценовен ранг од неколку илјади долари (за профи опрема зборам), нема да може прецизно да дадат проценка.
И ред други работи.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3083
Одг: Вашиот следен автомобил?
« Одговори #166 на: 29 Декември 2013, 18:47:01 pm »
Браво! Одлично објаснето.

Некаде на форумов видов јутуб видео од тие мерачите на дебелина на боја, и можеби би купил таков (ако не е претерано скап) доколку некогаш би купувал поскап половен автомобил.

Па после би можел и да го рентам :)

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Вашиот следен автомобил?
« Одговори #167 на: 29 Декември 2013, 18:51:17 pm »
обичните мерачи кои се неколку десетици до неколку стоцици долари не мерат дебелина и број на слоеви на боја. Професионалните односно оние чија цена е над неколку илјади долари прават многу поточно мерење. Башка за да биде веродостојно мерењето секој инструмент треба да биде баждарен и да имаш овластен а-тест издаден од бирото за метрологија и верифициран од страна на соодветна институција верификационо тело. Ефтините инструменти имаат мала точност и соодветно класата на точност на истите не ги става во ранг на инструменти наменети за веродостоно и прецизно мерење.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Вашиот следен автомобил?
« Одговори #168 на: 29 Декември 2013, 18:57:43 pm »
Jaс би го лапнал калеменово со сласт.

проблемот е што во не-дај-боже ситуации ќе го нема потребниот структурен интегритет или во најмала рака ќе биде под знак прашалник

башка замор на матерјал, врц врц повуци потегни со текот на годионите, а компромитирана кристална решетка... од кај знам дека за некоја година нема да ми се... преполови??

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20142
Одг: Вашиот следен автомобил?
« Одговори #169 на: 29 Декември 2013, 19:02:20 pm »
А од кај да знам дека и фабричките варови нема да попуштат со тек на годините? :D

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Вашиот следен автомобил?
« Одговори #170 на: 29 Декември 2013, 19:07:26 pm »
А од кај да знам дека и фабричките варови нема да попуштат со тек на годините? :D

Се подлежи на амортизација. Но фабричките варови се речиси вечни и предимензионирани.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3890
Одг: Вашиот следен автомобил?
« Одговори #171 на: 29 Декември 2013, 19:11:04 pm »
Фабричките варови никогаш не ги прават на средина на носечките столбови, како што тоа го прават мајсторите. Имаше слики на форумов од како тоа изгледа но еве ги пак. Јас никогаш не би возел свесно кола што била вака калемена.









И крајниот резултат
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Вашиот следен автомобил?
« Одговори #172 на: 29 Декември 2013, 19:19:44 pm »
Страшно е тоа. Прво место каде ќе кородира колата ќе биде токму на тие места. башка такво возило е опасно за сообраќај зашто при некаква катастрофа буквално ќе се распадне.
Јас би предложил ваквиве возила да се запленат. Тие се закана за сообраќајот.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9104
Одг: Вашиот следен автомобил?
« Одговори #173 на: 29 Декември 2013, 21:02:21 pm »
Demes ja gledav na net Ducia Duster Extreme. Jas bi zel edno takvo bez razmisluvanje

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Вашиот следен автомобил?
« Одговори #174 на: 29 Декември 2013, 21:10:21 pm »
кај дастерот едино ме двоуми квалитетот на пластиката унутра... иначе немам замерки

А од кај да знам дека и фабричките варови нема да попуштат со тек на годините? :D

Фабричките варови се со специјални методи кои и тоа како обрнуваат внимание на правецот на кристалната решетка во металот. Кај автолимарот варот е повеќе аморфна каша отколку цврст, ригиден монолит.

Понатаму, фабричките варови се тестирани буквално до наноразмер. ултразвук, рентген, анализа на спроведување на топлина, бла, бла... кај локалниот автолимар нема никакво тестирање.

Неќам ни да замислам како би поминал маалски варен A pillar на ncap.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17601
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Вашиот следен автомобил?
« Одговори #175 на: 29 Декември 2013, 21:19:19 pm »
Леле, леле, како ќе си се прекрши Аудито при било каков појак ударррр... И после ќе се чудат луѓе зашто. :)

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7692
  • Хорска Секција
Одг: Вашиот следен автомобил?
« Одговори #176 на: 29 Декември 2013, 22:44:53 pm »
Зошто зборите на памет?
На начинот на кој е сварено сигурен сум дека е поцврсто отколку кога излегло од фабрика...Едноставно фабричкиот лим е многу потенок од варот.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: Вашиот следен автомобил?
« Одговори #177 на: 29 Декември 2013, 22:48:31 pm »
У секој случај не е побезбедно одколку од фабрика..нити пак возните својства ќе се на ниво..Ама тоа би го приметил некој како Зеро да речеме, а некој од југо коа ќе му чучне, нема гајле :)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Вашиот следен автомобил?
« Одговори #178 на: 30 Декември 2013, 09:51:25 am »
Зошто зборите на памет?
На начинот на кој е сварено сигурен сум дека е поцврсто отколку кога излегло од фабрика...Едноставно фабричкиот лим е многу потенок од варот.


нема врска колку е дебел варот а колку тенок лимот.

дебелината не е единственото нешто што ја одредува ригидноста

и повторно останува отворено прашањето на тестирањето: зарем се будали у фабрика што ги тестираат варовите на миљон начини? ако можело без тоа - немале да го прават

да, ако се добро заварени деловите, колата ќе биде ригидна. Но, како човек да биде сигурен дали се добро заварени?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34155
  • Таков е животот... јебига
Одг: Вашиот следен автомобил?
« Одговори #179 на: 30 Декември 2013, 10:00:53 am »
Ајде и јас да се пофалам. Неофицијално бидна дил: Опел Мерива 2011 1.3 CDTI поминати 27.000км. Баблс добива клоца, Мица доаѓа во фамилија. Меривата ја вози мој другар кој живее во Келн па летоска кога ќе дојде ќе вршиме примо-предавање.