Од една страна имаш Опел бензинец кој важи за одличен бензинец, од друга страна имаш VW дизел кој важи за одличен дизелаш. Имаш предница на Астрата која да промениш се кошта не повеќе од 50 еу, и имаш предница на пасатот која за да промениш се кошта 500+ еу. Предност кај пасатот ја имаш помалата потрошувачка, поголемиот простор, но имаш поскапо одржување и можност за поскап дефект, турбина и сл.
Доколку Астрата сакаш да ја замениш за дизел само заради потрошувачката, јас би рекол тие 500еу вложи ги во плин и ке имаш потрошувачка горе долу колку дизел. Сепак ти си ја знаеш математиката најдобро.