ESP не ти прави разлика за тргнување на угорница на снег.
Можеби има подобри гуми, можеби гумите подобро фатиле на снегот, милион работи. Во твојот конкретен случај, конкретно тежината не прави разлика пошто имаш 50-50 дистрибуција. На FWD возило ќе направи разлика, бидејќи при возење по угорница тежината се пренесува наназад, предницата е полесна и има помалку тракција.
Затоа еден храбар дечко од форумов (нема да го именувам, кој видел, видел) го качуваше своето FWD количе на Водно по снег во рикверц.