Јас претпоставувам дека ситуацијата е ваква: Од ДВД системот до вуферот идат аналогни предпојачани сигнали за секој канал посебно: центар, два предни, два задни и вуфер. Во вуферот има вградено 6 канално појачало и од таму водат излези до сателитите.
Целта е да ги пронајдеш пиновите кои носат сигнал до вуферот. За тоа ти треба барем сервисна шема од двд системот. Адаптерски кабли од било кој тип, нема да ти помогнат. Сетапот е custom и е далеку од некој стандард.