Автор Тема: Golf 5 1.9 tdi vs 2.0 tdi vs 1.4 170  (Прочитано 9872 пати)

Присутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7369
Golf 5 1.9 tdi vs 2.0 tdi vs 1.4 170
« на: 21 Септември 2013, 17:39:18 pm »
Мој близок другар реши да зема голф 5. Се двоуми помеѓу дизелите 1.9 и 2.0, и бензинскиот ГТ 170кс, и да биде над 2006.

Ваше мислење ? Мислам дека имам читано на форумов дека 1.4 170 имал некои проблеми и не се препорачува ? Или тоа беше за 160кс моторот ? Исто за дизелите, 1.9 или 2.0 ?
Потрошувачката не е проблем, проблем се честите дефеци и маани, доколку ги има некој од овие мотори.

Треба да се одлучи за кратко време.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: Golf 5 1.9 tdi vs 2.0 tdi vs 1.4 170
« Одговори #1 на: 21 Септември 2013, 17:43:48 pm »
Голф 5 1.9 ТДи 105кс е одлична основа за чипнување на 130-135кс, и може да си тера без проблеми бесконечно. Јас сега во моментов така би одел.

Бензин, не.

За 2.0 тди има разни муабети, дали се точни или не незнам. Од тие јас што ги знам немало проблем никогаш.

Отсутен stig

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 933
Одг: Golf 5 1.9 tdi vs 2.0 tdi vs 1.4 170
« Одговори #2 на: 21 Септември 2013, 18:36:49 pm »
2.0 ТДИ 8v

Отсутен Dzo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3030
  • GTI®
Одг: Golf 5 1.9 tdi vs 2.0 tdi vs 1.4 170
« Одговори #3 на: 21 Септември 2013, 21:00:18 pm »
1.9tdi, ili 2.0CR tdi, ali toa nad 2009 ..

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Golf 5 1.9 tdi vs 2.0 tdi vs 1.4 170
« Одговори #4 на: 21 Септември 2013, 21:08:14 pm »
1.9 PD e најбезбедниот избор, но му недостасуваат 30-40кс за да биде идеалниот hatch. Сопри тука, ако немаш потреба од повеќе од 105кс.
2.0 PD се вози подобро, потивко и порафинирано од 1.9, но е максимално нерелијабилен. Нема ниту еден форум каде што се зборува добро за овој мотор. Има повеќе верзии, 8 вентилски и 16 вентилски, siemens или bosch дизни и siemens или bosch ecu. Најлоша верзија е PD170. Вистинска штета, затоа што 2.0TDI PD 140 нуди големо задоволство во возењето, а потрошувачката е смешно ниска.

170 gt е редок мотор. Компресор + турбо. Бргу го откачија од производство. На хартија е супер, во пракса веројатно е срање, затоа штое прваче, а се одкажаа од него (но не сум истражил за да потврдам)


Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Присутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7369
Одг: Golf 5 1.9 tdi vs 2.0 tdi vs 1.4 170
« Одговори #5 на: 21 Септември 2013, 21:18:20 pm »
Заклучок, 1.9 тди 105кс, ремапиран на ~130 е полн погодок.

Отсутен stig

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 933
Одг: Golf 5 1.9 tdi vs 2.0 tdi vs 1.4 170
« Одговори #6 на: 21 Септември 2013, 21:22:52 pm »
Абе излеа не читате вие 2.0 TDI 8V крај на муабетот имаш рилајабилност на 1.9 сила на 2.0 само се доста поретки. И кој и да е мотор да не е над 200 000км

Отсутен edonos

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3557
Одг: Golf 5 1.9 tdi vs 2.0 tdi vs 1.4 170
« Одговори #7 на: 21 Септември 2013, 21:25:49 pm »
Лошко па не е баш потивка 2000-та,баш пред некој ден се возев у таква и ме изненади колку е бучна колата,и колку само се слуша моторот внатре.

People should not fear their government.The goverment should fear its people.

Отсутен Dzo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3030
  • GTI®
Одг: Golf 5 1.9 tdi vs 2.0 tdi vs 1.4 170
« Одговори #8 на: 21 Септември 2013, 21:40:50 pm »
а од бензинот, баш тие, 1.4 тси 140 и 170 беа манливи. Затоа извадија 122 и 160!

за 2.0тди пд не сум чул некој да се пофали, све само критики.
Бидеки зема половњак, или 1.9тди или 1.4тси 122, да си биде раат.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Golf 5 1.9 tdi vs 2.0 tdi vs 1.4 170
« Одговори #9 на: 21 Септември 2013, 21:41:16 pm »
Јас возев Golf MK5, 2.0 TDI 140 со 200.000км, и беше изненадувачки тивок во сите режими на работа, дури и во лер. Ја цедев до 4500rpm без никаков лаг или пауер дроп,  во трета 60-100кмх оди за 5 секунди, а притоа не вибрира и не бучи. Повлекува многу елегантно, онака како што треба со своите 320НМ. Одличен беше за возење. Заборавив колку вентили беше. Бучноста беше многу помала од рецимо МК4 1.6 бензинец (и од МК4 1.4, МК4 1.9 ТДИ, МК5 1.4 и МК5 1.9ТДИ). Во режимите до 2500 е многу тивка. Колата беше од увоз!

Го возев и во Пасат oд 2006 та година 16в. Многу сличен, но можеби малку побрзо лепеше на иницијалнот допир на гаста, малку погласен беше и малку повеќе вибрации имаше.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Dzo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3030
  • GTI®
Одг: Golf 5 1.9 tdi vs 2.0 tdi vs 1.4 170
« Одговори #10 на: 21 Септември 2013, 22:15:20 pm »
mk5 беше со 8 или 16V ?

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Golf 5 1.9 tdi vs 2.0 tdi vs 1.4 170
« Одговори #11 на: 21 Септември 2013, 22:23:12 pm »
И со двата.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8107
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Golf 5 1.9 tdi vs 2.0 tdi vs 1.4 170
« Одговори #12 на: 21 Септември 2013, 22:53:30 pm »
Некој нешто позитивно да кажеше???

А Спенсер, поради прекрасните муабети околу моторот, МОРА да е гољф???
Никако не може да се избегне???

Отсутен edonos

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3557
Одг: Golf 5 1.9 tdi vs 2.0 tdi vs 1.4 170
« Одговори #13 на: 22 Септември 2013, 01:01:22 am »
И јас би избегнал голф 5,дури,би избегнал голф како кола,освен ако не е 6-ка.
People should not fear their government.The goverment should fear its people.

Отсутен Filip_90

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1839
  • VW Golf 5 1.9 TDI
Одг: Golf 5 1.9 tdi vs 2.0 tdi vs 1.4 170
« Одговори #14 на: 22 Септември 2013, 01:44:38 am »
Јас го имам овој 1.9 со 105кс, земен е со 190 000, а сега има 240 000 (50 000 за година ипол имаме поминато), и еве си нема гајле, задоволително влече(нема да те изнервира по македонскиве патишта), проблеми немало освен што се растропа десниот стабилизатор на предниот амортизер, а исто така и држачите за моторот треба да се сменат(има вибрации при поаѓање без гас, а ги немаше пред тоа).
Моторот не е многу бучен и исто си влече од 1800 до 4500врт/мин, потрошувачката е од 5 до 7л на 100км, (кај мене е од 5.8 до 6.2 просек мерено на 15 000км со возење без никакво штедење). Доколку полека си тераш без проблем се вадат 5.5 л/100км.
Сервисот со каиши и водна пумпа е околу 500 евра во овластен сервис, (околу 200 во неовластен со  dayco каиши и без водна пумпа). Треба да се внимава и на уљето, односто да се става со соодветна спецификација бидејки е PD моторот.
За овој 2.0 тди имам читано лоши текстови и затоа не гледав такви...