Колку што јас се сеќавам од прочитаното, единствена причина за ставањето на азотот е тоа што не содржи вода. Бидејќи не содржи вода при загревање на бандашот и гумата ширењето на азотот е многу мало за разлика од водата која многу се шири.
Што се однесува до густината на Азотот, Вили другарче грешка си. Конституцијата на воздухот е Азот 78% и кислород 20%. Останатото е занемарливо. Од сите тие гасови Азотот е најлесен и најредок. Што значи дека азотот е полесен од мешавината од азот и кислород (кислородот е потежок од азотот).
Меѓутоа точно е дека на азотот му е потешко да излезе од бандашот само од друга причина. Познато е дека според однесувањето на осомотскиот притисок, потешкиот гас навлегува во полесниот гас. Истото важи и за течностите. Во нашиов случај попрво воздухот би навлегол во гумата отколку што азотот би излегол.
Но да се вратиме во практичната реалност. Ако земеме во предвид дека притисокот во гумата е 2 атмосфери, тоа значи е три пати поголема отколку атмосферскиот притисок при 0м надморска височина, факторот внатрешен притисок е решавачки а не осомотскиот притисок
.
Во врска со гумите клучно е гумата да е добро наместена и бандашот да не е крив и оштетен. Азотот само ќе придонесе во стабилноста на притисокот. Но се настрана факт е дека нема потреба од ставање на азот освен ако не ја возите колата со поголеми брзини над 180км/ч со што овозможувате да се создадат услови за варијации (значајни) во притисокот на гасот во гумата.