Автор Тема: ГМО  (Прочитано 408033 пати)

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: ГМО
« Одговори #930 на: 17 Октомври 2014, 21:18:16 pm »
Твоите интриги не ме интересираат! Се што не е природно е вештачко. Не значи дека се што е природно е корисно, ама се што е вештачко од една страна може да биде корисно, но воедно и штетно-од друга страна. Лично сум присталица на конвенционалната медицина од единствена причина што нејќам да се замарам барајќи алтернативи. Мене не ми е цел во животот да умрам здрав... Не ми е само јасно зашто ме повикуваш?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: ГМО
« Одговори #931 на: 17 Октомври 2014, 21:31:13 pm »
Ако ЕПТЕН ДО КРАЈ размислиш, ќе сфатиш - здравје боже еден ден - дека баш напротив, вештачките нешта тежнеат да бидат по „здрави“ и по „безбедни“ од природните. Али имаш долг пат до таму, сега за сега далеку си. Сега за сега пробај со просто дефинирање. Тоа ти е добар почеток.

Не можам да се сложам со тоа. Респектирам тоа дека ти си ветеран, мислипш дека сум почетник, но доволно сум навезен во работите за да оценам каде грешиш.
За да не ти го реметам ветеранлукот нема да се впуштам во дискусии на оваа тема, затоа што е многу комплицирана и широка, а време за тоа немам. Тоест имам но не би го трошел во јалова дискусија.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #932 на: 17 Октомври 2014, 21:36:57 pm »
се што е вештачко од една страна може да биде корисно, но воедно и штетно-од друга страна.

Се што е природно од една страна може да биде корисно, но воедно и штетно-од друга страна.

Нема differentia specifica.

Не можам да се сложам со тоа.

Пробај вака: не знам дали си знаел, ама само околу 5% од флората и фауната кои постојат во природата се безбедни да ги јаде човек. Од 95% од природните продукти ако ги јадеш ќе ти биде лошо, ќе се отруеш, а можеби и ќе умреш. Или воопшто немаат хранливи материи кои може да ги искористи човек па ако ги јадеш ќе умреш од глад.

Ај сеа види колкав е соодветниот процент меѓу „вештачките“ работи кои можеш да ги јадеш.

Пази и ова: во рамките на тие 5% природни ствари кои се безбедни - не значи и дека можеш да ги јадеш колкуи сакаш и како сакаш без гајле. Компир, на пример, спаѓа во тие 5%, но мораш да го процесираш (свариш, печеш, пржиш) иначе и тој е отровен. Јајце од дива кокошка исто спаѓа во тие 5%, ама ако претераш со јадење ќе качиш холестерол и ќе умреш млад од инфаркт.

Со други зборови, прашањето што е „здраво“ а што не е даааалеку, далеку над простата наивна замислена дихотомија „природно“ и „вештачко“. Тие две поделби просто се ирелевантни. „Природно/вештачко“ НЕМА БЛАГЕ ВЕЗЕ со „здраво/нездраво“.

И не мора само за храна да збориме: гумена топка на надувавање е крајно вештачка, па е безбедна да пливаш во плитка вода со неа. Од друга страна, гладна бела ајкула е крајно природна, па е тотално небезбедна да пливаш со неа во плитка вода.

Уште еднаш АЛО ДАЛИ ИМАМЕ КОНТАКТ „Природно/вештачко“ НЕМА БЛАГЕ ВЕЗЕ со „здраво/нездраво“.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #933 на: 17 Октомври 2014, 21:48:11 pm »
Уште еднаш, да потврдиме:

Се што ве учеле родителите, бабите и дедовците, учителките итн додека сте биле мали за поврзаноста „природно-здраво“ и „вештачко-нездраво“ е погрешно.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: ГМО
« Одговори #934 на: 17 Октомври 2014, 21:48:26 pm »
Не се замарам уопште со тоа. Кога ќе ми дојде крајот, ќе си "заминам". Пушам, пијам, бркам пички, фала Богу со полиција си немам работа. Пак ќе прашам, што ти е мотивот што ме прозиваш у темава?

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #935 на: 17 Октомври 2014, 21:50:18 pm »
Пак ќе прашам, што ти е мотивот што ме прозиваш у темава?

Oва:

Се' што не е природно е абнормално и потенцијално опасно.

Ова немој да го кажуваш пред учени луѓе пошто е глупост и ќе ти се смеат позади грб. Оваа „мудрост“ пали само пред морончиња на клупа у маало.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: ГМО
« Одговори #936 на: 17 Октомври 2014, 21:56:47 pm »
Ха, сфатив - и љубовта е хемија!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: ГМО
« Одговори #937 на: 17 Октомври 2014, 22:42:40 pm »
Ова немој да го кажуваш пред учени луѓе пошто е глупост и ќе ти се смеат позади грб. Оваа „мудрост“ пали само пред морончиња на клупа у маало.

Секој учен ќе ја сфати поентата на тоа што го кажа Џиџи. Но ти не си таков.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #938 на: 18 Октомври 2014, 00:14:31 am »
Ќе потепа луѓе овој Филип, колку има желба (или потреба?) да одбрани се што е ГМО.
Иронијата е Филипчо, што ги напаѓаш луѓево дека не се едуцирани на тематикава, а ни ти самиот не си ништо подобар. Освен способноста да фрштиш со цитати (кои најчесто воопшто не ги разбираш), досега не те прочитав ТЕБЕ да напишеш ништо подетално.

Зошто Ти мислиш дека денешнава инстанца на ГМО е толку добра за човештвото?
Што е со аргументите што се против? Ама не да ги коментираш само тие „аргументи„ бирани по желба, лесни за побивање зошто се поставувани од рандом неупатени противници на ГМО... туку да ги коментираш оние аргументи што се поставени од научници, документирани и образложени со факти. Аргументи какви што покажав и повеќе од доволно овде на темава.

Позер си Филип, и тоа лош позер. Провиден си како бистра вода, што е многу интересен контраст со матната проблематика на темава овде.  ;)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #939 на: 18 Октомври 2014, 08:25:14 am »
туку да ги коментираш оние аргументи што се поставени од научници, документирани и образложени со факти. Аргументи какви што покажав и повеќе од доволно овде на темава.

Кои се тие? Де прочепкај наназад низ тредов и копи-пејстирај, леба ти, да ги видиме? Ја не приметив такви аргументи „образложени со факти“ (иако - како што веќе утврдивме во онаа дискусијата за русија, допрва треба да го совладаш концептот за „факт“ и по што точно „факт“ се разликува од „мислење кое ми се чини точно, кое ми е драго и кое и сум спремен да го презентирам како факт“, али ај нема везе...)

Дај да ги видиме тие ич-ни-у-лудило-не-черипикувани аргументи дека гмо прави рак, на пример. Или дека е на некој начин по-штетно од негмо. Ама пази, за ОВА треба да приложиш аргументи, а не да мењаш теза ко што обично правиш.

Позер си Филип, и тоа лош позер. Провиден си како бистра вода, што е многу интересен контраст со матната проблематика на темава овде.  ;)

Позер е оној кој декларативно тврди дека прочитал многу книги, а не знае да бекне ниту еден автор/наслов.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #940 на: 18 Октомври 2014, 09:05:01 am »
Кои се тие? Де прочепкај наназад низ тредов и копи-пејстирај, леба ти, да ги видиме? Ја не приметив такви аргументи „образложени со факти“ (иако - како што веќе утврдивме во онаа дискусијата за русија, допрва треба да го совладаш концептот за „факт“ и по што точно „факт“ се разликува од „мислење кое ми се чини точно, кое ми е драго и кое и сум спремен да го презентирам како факт“, али ај нема везе...)

Дај да ги видиме тие ич-ни-у-лудило-не-черипикувани аргументи дека гмо прави рак, на пример. Или дека е на некој начин по-штетно од негмо. Ама пази, за ОВА треба да приложиш аргументи, а не да мењаш теза ко што обично правиш.
Кога почињам „дискусија„ со тебе, се осеќам како да учествувам на специјалната олимпијада. Без разлика што си победил, сеуште останува непобитниот факт дека си инвалид.

Дали мислиш дека (тие ретките) што можеби не читаат со некаков (мазохистички) интерес, не приметуваат како СЕКОГАШ избегнуваш да напишеш БИЛО ШТО конкретно и ТВОЕ од технички и научен аспект на темава?
Се разбира освен да бараш да ти се достават докази. Кои потоа (се разбира) не можеш да ги разбереш.
Имаш позади колку сакаш постирани докази. Јас веќе ги поставив и ги презентирав. Ти прочепкај и Ти копирај ги овде. Па ако можеш (како што не можеш) искоментирај ги и искритикувај ги од научен и од технички аспект (како што не можеш).

Не само тоа, туку и ете пак си бараш некој на тацна да ти сервира конкретно тесно насочени „аргументи„ наместо да се обидеш да ја видиш целата слика за ГМО дискусијава. Многу љубиш да ти напишат нешто такво за што потоа лесно можеш да се правиш паметен, нешто веќе „рационализирано„ во тој рашионал вики ресурсот за неуки како тебе потоа да спамираат цитати и демек со тоа да изгледаат дека се паметни. Appeal to nature и остали моменти со кои учениот Филип ќе не освести за псевдонауката. Тоа е тоа Филипе, и не си крив додуша -толку ти се можностите.  ;)



Позер е оној кој декларативно тврди дека прочитал многу книги, а не знае да бекне ниту еден автор/наслов.
Види вака (да ти објаснам соодветно за да разбереш), не можеш да го дискутираш Римски-Корсаков со посветен обожавател на Цеца и Џеј Рамадановски. Всушност искуството вели дека не треба ни да се обидеш.
Така и јас веќе не се ни обидувам да разговарам за таква литература со тебе. Иако поназад сите можат да прочитаат дека ти беше понуден мојот ебук ридер на позајмица (со цела една библиотека сместена во него), сето тоа со искрена желба за твоја едукација. Но алас, како што кажав -не можеш некој со сила да го описмениш.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #941 на: 18 Октомври 2014, 10:27:19 am »
Лилеееј... абе кого мислиш дека убедуваш со ad nauseum аргументирање?

Чоек:

1. Копи-пејстај некој според тебе валиден доказ дека гмо предизвикува рак

2. Копи-пејстај некој според тебе валиден доказ дека гмо е у принцип по штетно/ризично од негмо

3. Пиши еден автор/наслов на книга од областа на генетиката која си ја прочитал.

Што е толку тешко не разбирам. Ајде, заеби ме, со овие три ставки ќе ме решиш - матер ќе ми ебеш, ќе треба у дупка да се скријам. Ајде!

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #942 на: 18 Октомври 2014, 11:09:07 am »
Eхехе... не иде тоа така, веќе те предупредив дека методите на (нечесно) дебатирање ти се јасни и провидни, и тотално немам намера да ти се местам на пенал со одговарање на тие прашањата од видот на „Копи-пејстај некој според тебе валиден доказ дека гмо предизвикува рак„. :)

Не разбирај ме погрешно, со задоволство би влегол и во ваква „замка„ од дискусија... кога на другата страна би имал соговорник со отворен ум. Алас, но ти не си тоа.
(ниту пак тоа е Васил, кога сме веќе кај тоа)

Веќе го поминавме тој пат Филип, веќе ти беа презентирани такви аргументи. Едноставно немаш капацитет да дискутираш за тоа на повисоко техничко ниво и со отворен ум. Никој не е роден учен, ама ти не сакаш ни да се обидеш да се едуцираш од разни аспекти. Твоето е единственото исправно гледиште, и тоа е уклесано во камен и непроменливо. Тоа е твојата догма, и сите што гледаат различно на работите се неверници, противници кои треба да се сотрат со цитати од библијата Rationalwiki.
Не си способен да се обидеш макар привремено да ги погледаш работите од повеќе страни, и со тоа барем донекаде да дојдеш до елузивната објективност.
Не си достоен за дискусија, и навистина не знам зошто си го губам времето со тебе. Ваљда имам некоја скриена мазохистичка црта во карактерот со која треба да се соочам (некои ја викаат и инат).


Што е толку тешко не разбирам. Ајде, заеби ме, со овие три ставки ќе ме решиш - матер ќе ми ебеш, ќе треба у дупка да се скријам. Ајде!
Алас. Малку да можеш одстрана, објективно да се прочиташ на темава... секако би ја направил таа последната констатација.

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2746
  • Слобода или смрт
Одг: ГМО
« Одговори #943 на: 18 Октомври 2014, 13:55:21 pm »
Ха, сфатив - и љубовта е хемија!

И не само тоа туку и секс кукла е подобра од жена според филип :D

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #944 на: 18 Октомври 2014, 14:41:17 pm »
Ха, сфатив - и љубовта е хемија!

И не само тоа туку и секс кукла е подобра од жена според филип :D

да, сигурен бев у старт дека многумина така ќе го „сфатат“ она што го пишував за природно вс вештачко при аргументирање

нејсе, и ја изглеа многу сакам...